Башот (Негорци)

археолошко наоѓалиште во Македонија
Башот

Карта

Местоположба 41°11′20″N 22°28′37″E / 41.18889° СГШ; 22.47694° ИГД / 41.18889; 22.47694
Основни податоци
Место Негорци
Општина Гевгелија
Тип

 населба


Период римско време
Портал „Археологија“

Башот или Горна Коријаархеолошко наоѓалиште во гевгелиското село Негорци. Претставува населба од римското време. На јужната периферија на селото, во непосредната близина на задружните штали, на површина од 200 × 150 м се среќаваат делови од керамички садови, питоси, тегули и имбрекси, како и многу градежен материјал.1 км северно од селото, на голем простор се среќаваат делови од керамички садови, питоси, тегули имбрекси, и многу градежен материјал.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 110. ISBN 9989649286.