Батиновац
Батиновац – едно од шеснаесетте Плитвички Езера. Се наоѓа во групата на Горни Езера и зафаќа површина од 0,015 км². Надморската висина му е 610 м, а најголемата длабочина 5 метра. Долго е 140 м, а неговата најголема ширина изнесува 80 м.[1].[2][3]
Батиновац Batinovac | |
---|---|
Во горниот дел се гледа слапот од езерото Батиновац кој паѓа во езерото Галовац, во средината е слапот Велики Прштавац | |
Координати | |
Сливни земји | Хрватска |
Најг. должина | 140 м км |
Најг. ширина | 80 м км |
Површина | 0,015 км2 км2 |
Најг. длабочина | 5 м м |
Надм. височина | 610 м м |
Опис
уредиЕзерото е опкруженосо високи букови стебла, а вешто спроведениот пат води покрај низа помали слапови на кои е видливо создавањето на туф и туфотворни маховини и растенија..[4]
Батиновац се снабдува со вода од Округљак кое се наоѓа над него, како и од Прошќанското Езеро преку стариот канал кој го создале луѓето. Дел од неговата вода истекува преку слап во езерото Галовац, а дел се прелива во помалите езера кои се наоѓаат северно од него.
Добропроодните патеки оттука ги водат посетителите кон помалите езера обраснати со трска, како и безбројни мали слапови.
Името Батиновац или Бакиновац го добило по некој селанец Батиниќ или некоја баба (хрв. бака) кои се удавиле во него.[2][5]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ MVEP • Plitvička jezera
- ↑ 2,0 2,1 „Javna ustanova Nacionalni park Plitvička jezera - Gornja jezera“. Архивирано од изворникот на 16. siječnja 2013. Посетено на 16. siječnja 2013.. Наводот journal бара
|journal=
(help); Проверете ги датумските вредности во:|accessdate=, |archivedate=
(help) - ↑ „Plitvička jezera“. Архивирано од изворникот на 2013-04-21. Посетено на 2020-10-17.
- ↑ Gornja jezera :: znanje.org
- ↑ Inet.hr :: Plitvice jezera i slapovi