Округљак (езеро)
Округљак – едно од шеснаесетте Плитвички Езера. Се наоѓа во групата на Горни Езера и зафаќа површина од 0,041 км². Надморската висина му е 613 м, а најголемата длабочина 15 метра во подножјето на Лабудовачката бариера.[1] Долго е 260 м, а широко 100 м.[2][3]
Округљак Okrugljak | |
---|---|
Слапот од Цигановац висок 7 м на северозападната страна на езерото Округљак | |
Координати | |
Сливни земји | Хрватска |
Најг. должина | 260 м км |
Најг. ширина | 100 м км |
Површина | 0,041 км2 км2 |
Најг. длабочина | 15 м м |
Надм. височина | 613 м м |
Опис
уредиНа северозападната страна во езерото се влева вод од Цигановац преку слап висок 7 м, додека Лабудовачкиот Слап висок 20 м го украсува делот преку седрената бариера, широка 100 м, под која се наоѓа спилест парк кој содржи бројни шуплини, полупештери и пештери. Под самиот слап е влезот во Јанечековата Пештера, долга повеќе од 50 м, но заради тоа што водата од слапот паѓа на самиот отвор, денес повеќе не може да се влегува.[2] Името го добило по својот кружен облик, па е познато и под називите Округљај и Кругиновац.[2]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Inet.hr :: Plitvice jezera i slapovi
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Javna ustanova Nacionalni park Plitvička jezera - Gornja jezera
- ↑ „Plitvička jezera“. Архивирано од изворникот на 2013-04-21. Посетено на 2020-10-17.