Прошќанско Езеро
Прошќанско Езеро – второ по површина од шеснаесетте Плитвички Езера. Се наоѓа на крајниот југ во групата на Горни Езера и зафаќа површина од 0,68 км². Надморската висина му е 639 м, а најголемата длабочина 37 метра. Има една притока, реката Матица, која ја чинат Црна и Бела Река.
Прошќанско Езеро Prošćansko jezero | |
---|---|
Координати | |
Земји во сливот | Хрватска |
Најг. должина | 2100 м |
Најг. ширина | 180 до 400 м |
Површина | 0,68 км2 |
Најг. длабочина | 37 м |
Надм. височина на површината | 639 м |
Опис уреди
Езерото, според една верзија, името го добило според колците (прошќе), а според друга потеклото на името се врзува со легендата во која Црната кралица „проси“ за вода. Вкупната должина на езерото е 2.100 метри, а ширината од 180 до 400 метри. Брегот на езерото е обраснато со четинарска шума. Водата преку слап се прелива во езерото Цигановац.