Баталјон „Сибир“
Баталјон „Сибир“ (украински: Батальйон «Сибір») — единица на вооружените сили на Украина составена од руски граѓани кои се противеле на владеењето на Путин. Членовите на оваа единица вклучуваат Јакути и Бурјати, кои победата на Украина ја гледаат како можност за стекнување независност од Русија.[1] Пред да потпишат договор, граѓаните на Руската Федерација подлежат на темелна проверка, која може да трае и до една година. Баталјонот не регрутира заробени руски војници.[2] Единицата се борела во Битката кај Авдивка.
Баталјон „Сибир“ | |
---|---|
Батальйон «Сибір» | |
Создадена | октомври 2023 |
Земја | Украина |
Припадност | Вооружени сили на Украина |
Род | Украински копнени сили |
Вид | Пешадија |
Големина | ~60 |
Команданти | |
Тековен командант | Владислав Амосов |
Обележја | |
Неофицијално знаме на Сибир |
Командант на баталјонот е Владислав Амосов.[3] Тој е Јакут по народност и тврди дека работел во руската воена разузнавачка агенција ГРУ 15 години. Се борел во Првата и Втората чеченска војна.[4] Амосов ја поддржува независноста на неговата родна Јакутија (Саха).[5]
Наводи
уреди- ↑ AFP (25 октомври 2023). „Ukraine Presents New Unit Formed By Siberian Volunteers“. Радио Слободна Европа (англиски). Посетено на 13 јануари 2024.
- ↑ „В Україні сформували з громадян РФ батальйон "Сибір": що про нього відомо“. www.unian.ua (украински). Посетено на 13 јануари 2024.
- ↑ „"Именно мы станем той силой, которая вернет сибирякам свободу"“.
- ↑ A Former Russian Military Intelligence Officer Explains Why He's Fighting For Ukraine
- ↑ Історія російського офіцера ГРУ, який воює на боці України за незалежність Якутії[мртва врска]