Батави
Батaвите се германско племе, кое потекнува од Хетите. Тие се оделиле од нив поради внатрешните несогласувања. Во околу 50 п.н.е. тие се населиле по течението на река Рајна, во римската провинција Галија Белгика. Во 12 п.н.е. биле покорени од страна на римјаните, и од тој момент тие се сметаат за големи сојузници на Римското Царство. Единственото востание на овој народ против Рим е во 69 година кога успеале да освојат еден цел легион во близина на денешниот град Ксантен.
Батaвијанците биле споменети во 355 година во времето на Констанциј II (317 - 361), кога со нивните острови веќе владееле франките, а подоцна тие биле претопени.