Барски аквадукт
Барски аквадукт е камен аквадукт кој се наоѓа на северната страна на тврдината Стар Бар, 4 километри северно од градот Бар во Црна Гора. Барскиот аквадукт е единствениот преостанат аквадукт во Црна Гора и еден од најголемите и најдобро зачуваните аквадукти од трите преостанати во поранешна Југославија, кои го вклучуваат аквадуктот Диоклецијан во близина на Сплит, Хрватска и Скопскиот аквадукт во Северна Македонија .
Барски аквадукт | |
---|---|
Денешните остатоци од Барскиот аквадукт | |
Координати | 42°05′39″N 19°08′10″E / 42.09417° СГШ; 19.13611° ИГД |
Место | Стар Бар во близина на Бар, Црна Гора |
Особености | |
Материјал | камен |
Историја | |
Завршен | за време на Отоманска империја (16-ти век - 17-ти век) |
Местоположба | |
Историја
уредиАквадуктот бил изграден за време на владеењето на Отоманската империја, во 16-тиот век, и вклучувал мост преку долина. Служел како водовод за Стари Бар, носејќи вода 3 километри од извор на планината Румија. Структурата на аквадуктниот мост се состои од седумнаесет големи сводови со различна ширина, кои се потпираат на осумнаесет масивни столбови.[1] Каналот за вода е формиран на горната површина на аквадуктот, каде што биле поставени заеднички споени камени цевки од кои секоја е по 12 сантиметри во дијаметар и 30 сантиметри долга. Целата конструкција е направена од скршен и грубо делкан камен.
По разорниот земјотрес во Црна Гора на 15 април 1979 година, во 06:19 часот, аквадуктот бил целосно уништен. Подоцна бил целосно реновиран, па може да се користи и до денес.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ (на српскохрватски) Turistička organizacija Bar (Accessed 2010-08-25) Архивирано на 1 февруари 2014 г.
Надворешни врски
уреди- (на српскохрватски) Local Tourism Organisation of Bar