Бардовци (археолошки наоѓалишта)
- Зад Воденицата — осамен наод од римското време. Во лозје е откриен жртвеник со латински натпис посветен на божицата Белона. Димензии: 136 × 52 × 28 см.
- Чешма — осамен наод од римското време. Местото на водоводот е на околу 2 км од градската територија на Скупи, на 1 км од асфалтниот пат за селото Бардовци и на 200 м западно од железничката пруга Ѓорче Петров - Качаник. При земјоделските работи е пронајдена надгробна плоча со латински натпис и со димензии од 245 × 75 × 25 см. Во правоаголното поле на фронтонот се наоѓа релјефна претстава на сцена со задушна гозба. Плочата се наоѓа на местото каде што е откриена.
Литература
уреди- Археолошка карта на Република Македонија, Том 2, 1996, издание на МАНУ, Скопје, Македонија.