Бамир Топи
Бамир Миртеза Топи (алб. Bamir Myrteza Topi; роден 24 април 1957 во Тирана) — политичар од Албанија и моментален, петти по ред претседател на Албанија. На оваа функција е од 24 јули 2007 година. Бамир Топи не е член на ниту една политичка партија. Во моментот, тој е еден од најголемите поддржувачи на независноста на Косово. Прогласен е за почесен граѓанин на Приштина.