Бамби
Бамби (англиски: Bambi) — американски цртан-филм од 1942 година во производство на компанијата Walt Disney Pictures. Филмот бил премиерно прикажан на 13 август 1942 и бил петти филм на компанијата на Волт Дизни.
Главните ликови се Бамби, бело-опашест елен, неговите родители (Големиот кнез од шумата и неговата анонимна мајка), неговите пријатели Тампер (зајакот со розов нос), и Цвет (смрдливко), и неговата другарка од детството и идна партнерка, Фалин. За потребите на филмот, Дизни си земаа слобода да го променат Бамби во елен со бела опашка, иако според книгата Бамби бил срна, но бидејќи срни не живеат во САД, а бело-опашестиот вид елени бил повеќе познат кај Американците се одлучиле на таков чекор. Филмот добил три номинации за Оскар: за Најдобар звук (Сем Слајфилд), за Најдобра песна (за „Love Is a Song“ испеана од Доналд Новис) и за Најдобра мелодија.
Во јуни 2008 година, Американскиот филмски институт ја претстави списокот на Најдобрите десет филмови во секој од десетте класични американски филмски жанрови, каде право на глас имаа над 1.500 луѓе од филмската индустрија. „Бамби“ се најде на третото место во категоријата анимирани филмови.