Лимски балкони
Лимски балкони (шпански: Balcones de Lima) — забележителни архитектонски елементи на градот Лима во Перу, остатоци од колонијалниот период на градот. Балконите се предмет на културното наследство на Перу и истите се изградени додека постоело Вицекралството Перу, а потоа продолжиле да се градат и на почетокот на независноста на Перу. Повеќето балкони се изградени во XVII и XVIII век и истите се наоѓаат во исторскиот центар на Лима. Тие биле адаптирани за резиденцијални потреби и истите влијаеле врз голем број перуански научници и истакнати личности, како што е на пример писателот Рикардо Палма. Овие балкони се клучните за прогласување на историскиот центар на Лима како Светско културно наследство на УНЕСКО.[1]
Колонијална архитектура
уредиКолонијалната архитектура на Вицекралството Перу се развила во периодот од 16 до 19 век, кога Јужна Америка бил освоена од Шпанската Империја.[2] Балковите во Лима биле изградени во ренесансен, барок, необарок и неокласичен стил, со забележливи влијанија од средоземната, блискоисточната, анадалузиската и карипската архитектура.
Ренесансните и барок елементи се споиле поради европското влијание.[3] Поради француското влијание во 18 век се појавиле и рококо елементи. Оваа мешавина довела до разнолика и разиграна тема на архитектонска декорација. Француското влијание е најзабележливо кај Куќата на Гојенече, изградена во 1863 година. Арапското влијание е исто така забележливо. Дрвените балкови се наследени од мурската традиција
Изградба
уредиГлавната одлика на балковите се режетките и балустерите. Дрвените балкони кои се на горните нивоа им давале приватност на жителите и циркулација на воздух, особено важна одлика за куќите во топлите региони. Неокруглите балкови биле донесени во Шпанија во 18 век. Балконите од 15 до 17 век имале отвореност, а балконите по 18 век биле затворени. Плочки и мозаици исто така се користеле за изградба на балконите.
Социјална функција
уредиВо 18 век, вицекралевите би стоеле на балконите и би испраќале пораки и говори до народот. За религиски цели, свештениците можеле да ги набљудуваат масите без да бидат видени.[2]
Балконите често ги спојувале внатрешниот и надворешни простор. Тие често се нарекувале како „улици на небото“ поради нивната големина.[4] Историчарот Чарлс В. Вокер ги толкувал балконите како манифестација на моќ и доминација.[3]
Поврзано
уреди„Лимски балкони“ на Ризницата ? |
Наводи
уреди- ↑ Centre, UNESCO World Heritage. „Historic Centre of Lima“. whc.unesco.org (англиски). Посетено на 2017-04-23.
- ↑ 2,0 2,1 Kelly, Donnahue-Wallace (2008). Art and Architecture of Viceregal Latin America, 1521-1821. University of New Mexico Press. ISBN 978-0826334596.
- ↑ 3,0 3,1 Walker, Charles (2003). „The Upper Classes and Their Upper Stories: Architecture and the Aftermath of the Lima Earthquake of 1746“. Hispanic American Historical Review. 83.1: 53–82.
- ↑ Smith, Sabine; Bley, Miriam (2012). „Streets in the Sky: The Balconies of Lima and the Road to Intercultural Competence“. Journal of Global Initiatives: Policy, Pedagogy, Perspective. 7 (2 Pervuvian Trajectories of Sociocultural Transformation).
Надворешни врски
уреди- Лима - градот на балконите, National Geographic (шпански)