Балкански хип-хоп студии / Balkan Hip Hop Studies
Балкански хип-хоп студии (БХХС) / Balkan Hip Hop Studies (BHHS) е меѓународно научно списание за хип-хоп и урбана култура формирано во 2023 година во Скопје, Македонија и кое излегува два пати годишно. Покренувач на списанието е организацијата Хип-хоп Македонија, издавач е Урбан Институт-Скопје, а меѓународниот уредувачки одбор се состои од професори од универзитетите во Љубљана, Сараево, Софија, Братислава, Риека и Крагуевац, како и од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Списанието излегува на македонски, англиски и некои од словенските јазици. Списанието се објавува во печатена и онлајн верзија со идентификациските броеви: ISSN 2955-2192 за печатената верзија и ISSN 2955-2206 за веб-верзијата.[1] Списанието е првото научно балканско списание за хип-хоп и урбана култура.[1]
Цели и задачи
уредиВо него се објавуваат прилози коишто можат да се однесуваат на музиката, културолошките студии, лингвистиката, литературата, уметноста, танцот, историјата, социолингвистиката, социологијата, филозофијата, перформативните уметности, педагогијата итн. Вклучувањето на сите овие научни полиња е со цел хип-хопот, слемот, афроамериканската и урбаната култура да бидат претставени од различни аспекти и гледишта. Во него се објавуваат студии со следниве теми: хип-хопот како поткултура и популарна култура, лириките на хип-хопот, јазикот на хип-хопот, сленгот/жаргонот во секојдневната комуникација, сленгот/жаргонот во книжевноста, поетика на слемот, слемот како книжевен/перформативен жанр, симболите во урбаната култура, графитите како уметност или политички слогани, мода и дизајн, битбокс, уметноста на пуштање плочи (ДЈ), хип-хоп танци, хип-хопот како музички правец, современи/урбани музички настани/правци, афроамериканска култура, идентитетот и урбаната култура.[2]
Редакција
уреди- Славчо Ковилоски (главен уредник)
- Јулијана Папазова
- Александар Ковилоски
- Елена Пренџова
Меѓународен уредувачки одбор
уреди- Антоанела Петковска, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Македонија
- Ристо Солунчев, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Македонија
- Венцислав Димов, Универзитет „Св. Климент Охридски“, Софија, Бугарија
- Грегор Помпе, Универзитет во Љубљана, Словенија
- Мојца Кревел, Универзитет во Љубљана, Словенија
- Звонко Танески, Универзитет „Коменски“, Братислава, Словачка
- Јелена Арсенијевиќ Митриќ, Универзитет во Крагуевац, Србија
- Татјана Вукелиќ, Универзитет во Риека, Хрватска
- Сребренка Мачковиќ, Универзитет во Сараево, Босна и Херцеговина
Наводи
уреди- ↑ milica (2023-12-05). „ПРВОТО БАЛКАНСКО СПИСАНИЕ ЗА ХИП-ХОП ЌЕ СЕ ПРОМОВИРА ВО СКОПЈЕ“. СМАРТ - СДК МК. Посетено на 2024-05-09.
- ↑ Умно.мк, од (2023-12-06). „Промоција на меѓународното научно списание „Балкански хип-хоп студии" - УМНО.МК“. Посетено на 2024-05-09.
Надворешни врски
уреди- Балкански хип-хоп студии / Balkan Hip Hop Studies, Официјално мрежно место