Бабинска Река

река во Југозападна Македонија, десна притока на Црна Река
(Пренасочено од Базерничка Река)

Бабинска Река (позната и како Базерничка Река или Мала Река) — река во Југозападна Македонија и десна притока на Црна Река. Речните води се богати со охридска пастрмка со црвени точки. Тие исто така претставуваат извор за производство на електрична енергија.

Бабинска Река
Базерничка Река
Мала Река
Бабинска Река низ селото Базерник
Местоположба
Физички особености
Извор 
 • местоПлакенска Планина
Устие 
 • место
Црна Река
 • координати
41°18′3″N 21°5′51″E / 41.30083° СГШ; 21.09750° ИГД / 41.30083; 21.09750
 • надм. вис.
683 м
Особености на сливот
ТечениеЦрна РекаВардарЕгејско Море
Речен сливВардар

Течение

уреди

Реката извира на Плакенска Планина, на надморска висина од 1.902 м. Нејзиното течение понатаму се спушта по падините на планината, поминува низ селата Базерник и Бабино, по што се влева во Црна Река.[1]

Рибарство

уреди

Бабинска Река е богата со охридска пастрмка со црвени точки. Во атарот на селото Бабино се наоѓа истоимениот рибник „Бабино“. Рибникот е сместен меѓу два зелени речни брега, каде што извира вода со капацитет од 30 до 200 литри л/с. Неговиот капацитет е годишно производство на пастрмка од 80.000 кг. Рибникот претставува туристичка атракција во демирхисарскиот крај и е посетуван особено во летниот период.[2]

Енергетика

уреди

По течението на реката е изградена малата хидроцентрала „Мала Река“ со моќност од 270 KW.[3]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 9. ISBN 978-9989-2117-6-8.
  2. Б., А.. „Рибопроизводството можност за развој на рурален туризам[мртва врска]“, Утрински весник, 22 мај 2012.
  3. Преглед на производители на електрична енергија од обновливи извори на енергија - мали хидроелектроцентрали, „Регулаторна комисија за енергетика“, 2014.

Надворешни врски

уреди