Бабунски Водопади

Бабунски Водопади — живописен предел во со водопади во Општина Чашка, средишна Македонија[1].

Бабунски Водопади
Еден од водопадите
Карта
МестоОпштина Чашка, Македонија
Координати41°41′24″N 21°24′59″E / 41.6900° СГШ; 21.4164° ИГД / 41.6900; 21.4164
Виднуркање, пливање, бањање
Највисок слап14 м
РекаБабуна

Природни особини

уреди

Првенец на Јакупица е реката Бабуна. Почетокот и е југоисточно под врвот Солунска Глава од големиот извор Бабина Рупа (дупка) на 1450 метри. По 53 км. се влева во Вардар на 5-6 км. јужно од Велес. На Јакупица има две леднички високопланински езера. Се наоѓаат на околу 2000 метри надморска височина во циркус североиcточно под врв Убава.

 
Римски мост на Бабуна во Богомила

Разделени се од мал праг на морени. На територијата на Јакупица има неколку цркви и манастири кои можат да го привлечат вниманието на љубопитните. Можат да се споменат - Марков Манастир кај селото Маркова Сушица, на северното подножје на Китка, манастирот Зрзе над истоименото село на јужниот крај на Даутица, црквата Света Богородица над селото Согле на делницата Јакупица.

Местоположба

уреди

Водопадите се сместени во Општина Чашка. Иако долго време не била пропагирана нивната атрактивност, тие денес се достапни за вљубениците во природата и за туристите. До водопадите се изградени пешачки патеки кои ги сечат рекичките со малечки мовчиња, патокази, дрвени колиби и клупи за посетителите.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Студија за геодиверзитетот и геонаследството на Република Македонија и другите компоненти на природата (биолошка и пределска разновидност): Национална стратегија за заштита на природата. Скопје, 2016, стр. 157.