Ике Диогу

Американски кошаркар
(Пренасочено од Ајк Диогу)

Ике Диогу (11 септември 1983 во Бафало, Њујорк) — нигериско-американски професионален кошаркар кој настапува за екипата на Џиангсу Манки Кинг во кинеската кошаркарска лига. Родителите на Диогу имаат потекло од Нигерија, но во 1980-тите се преселиле во САД. Диогу бил одбран како деветти пик од страна на Голден Стејт Вориорс на драфтот во 2005 година, каде одиграл две сезони.[1] Потоа бил испратен во тимот на Индијана Пејсерс, каде останал две години.[2]

Ике Диогу
Ајк Диогу (лево)
број 50 – Џиангсу Манки Кинг
Крилен центар / Центар
Лични информации
Роден на11 септември 1983(1983-09-11)(41 г.)
Бафало (Њујорк)
НационалностНигериец / Американец
Височина6 ст 9 ин (2.06 м)
Тежина255 lb (116 kg)
Информации за кариера
Средно училиштеГарланд (Тексас)
КолеџАризона Стејт (2002–2005)
НБА драфт2005 / Круг: 1 / Избор: 9-ти вкупно
Одбран од Голден Стејт Вориорс
Професионална кариера2005–сѐ уште
ЛигаКинеска кошаркарска асоцијација
Историја на кариера
2005–2007Голден Стејт Вориорс
2007–2008Индијана Пејсерс
2008–2009Портланд Трејлблејзерс
2009Сакраменто Кингс
2010–2011Лос Анџелес Клиперс
2012Сан Антонио Спарс

По неколку кратки престои во повеќе екипи од НБА, Диогу во есента 2012 потпишал за екипата на Џинјанг Флаинг Тајгерс од кинеското кошаркарско првенство, а со екипата го одиграл плејофот во кинеското првенство. Диогу во 2013 и 2014 настапувал во кошаркарското првентво на Порторико, а од 2016 го носи дресот на Џиангсу Манки Кинг од кинеското првенство.

НБА статистика

уреди
Легенда
  ОН Одиграно натпревари   СН  Натпревари како стартер  МПН  Минути по натпревари
 ПШИ%  Процент на шут од игра  3П%  Процент на шут за три бода  СФ%  Процент на шут за слободни фрлања
 СкПН  Скокови по натпревар  AсПН  Асистенции по натпревар  УТПН  Украдени топки по натпревар
 БлПН  Блокади по натпревар  ППН  Поени по натпревар  Задебелено  Најдобро во кариерата

Регуларен дел

уреди
Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2005–06 Голден Стејт 69 14 14.9 .524 .000 .810 3.3 .4 .2 .4 7.0
2006–07 Голден Стејт 17 0 13.1 .530 .000 .795 3.7 .3 .2 .6 7.2
2006–07 Индијана 42 2 12.8 .454 .000 .802 3.3 .5 .1 .4 5.8
2007–08 Индијана 30 1 10.2 .478 .000 .851 2.8 .3 .2 .1 5.6
2008–09 Портланд 19 0 3.8 .316 .000 .750 .9 .0 .1 .1 1.4
2008–09 Сакраменто 10 1 14.2 .600 .500 .758 3.9 .3 .2 .1 9.2
2010–11 ЛА Клиперс 36 0 13.1 .561 .000 .661 3.2 .1 .1 .1 5.8
2011–12 Сан Антонио 2 0 7.0 .000 .000 1.000 .5 .0 .0 .0 1.0
Просек 225 18 12.4 .509 .500 .786 3.1 .3 .2 .3 6.0

Наводи

уреди
  1. Pistons remain hot with 12-point win over Golden State
  2. „Pacers, Warriors announce 8-player deal“. Associated Press. January 17, 2007. Посетено на 2007-12-23.

Надворешни врски

уреди