Ацо Аџи Илов
Александар (Ацо) Аџи Илов ( Неготино,15 март 1919 – Дреновска Клисура с. Фариш , 10 јуни 1943) бил учесник во Народноослободителните борби НОБ
Александар (Ацо) Аџи Илов | |
---|---|
15.3.1919 г. Неготино - 10.06.1943 г. Дреновска Клисура | |
Прекар: | Елисие |
Роден во: | Неготино, Македонија |
Починал во: | Дреновска Клисура, с.Фариш, Македонија |
Служба во: | Македонско национално движење |
Одличја: | национален херој |
Други занимања: | Столарски,Тишлерски занает |
Биографија
уредиДимко, најстариот син од петте деца на Илија и Роса од Неготино, го изучува столарскиот занает и со тоа домашната положба на сиромашното земјоделско семејство малку се подобрува. Другиот син Александар – Ацо, што беше трето дете, го свикнуваат на истиот занает кај брата му Димко. Но младиот Ацо завршувајќи го основното училиште со одличен успех, изразува желба да го продолжи учењето и во тоа домашните сосема го поддржуваат. На еден конкурс тој е примен во средното земјоделско училиште во Сремска Каменица. Таму учи само една година, но останува без средства за живеење, па го прекратува учењето и се враќа во Неготино, работејќи на дуќанот кај брата си.
За време на нападот на Германците врз Кралството Југославија Ацо се наоѓа на отслижување на воениот рок во кралската гарда во Белград. Во борбата за одбрана на Белград тој е заробен од Германците и по два месеци заробеништво преку Рпманија се враќа во Неготино.
Здобиен со воено знаење и опит и со политичка зрелост, Ацо е свесен дека со доаѓањето на бугарските фашисти Македонија е одново поробена. Читајќи постојано книги и весници во читалната,движејќи се секогаш со весник во рака , Ацо е добро информиран за настаните по фронтовите, а за тоа ги информира и своите другари. Познат е по раскажувањето на сатирични приказни и настани што редовно ги чита во една постојана рублика на весникот Политика под наслов Елисие сее и жито жнее. Така и го добил називот Елисие. Движејќи се постојано со својот другар и комшија Илија Јанакиев, тој стапува во контак со Лазар Мојсов. Во април 1943 година активно учествува во подготовките за организирање партински одред во Тиквешко, пренесувајќи и друга воена опрема за одредот. Во прошетката со Манчо Малиминов, кога одненадеж паѓа поради болки во стомакот, Ацо го придружува и го зема писмениот документ што требало Манчо да му го предаде на секретарот на МК во Неготино. Кон крајот на мај 1943 година, заедно со неколку свои другари, Ацо брза кон партинскиот одред Добри Даскалов. Со пушка во рака тој е решен да се бори и да го даде својот придонес во борбата против окупаторите. По патот за Фариш, Ацо со уште десетина во темница се движат како претставници на одредот. Одненадеж кон нив се слуша силен пукот од пушки, бомби и истрели. Увидувајќи дека навлегле во непријателска заседа, борците отвораат оган и тргнуваат на јуриш за да се пробијат. Во тој пробив Ацо се загубива од другите и на осамнувањето онака осамен, изморен и гладен слегува во Фариш. Бугарите го фаќаат најпрвин како сомнителен, и почнуваат да го испитуваат. Откако ништо не сакал да им каже го носат во Кавадарци и дури таму разбираат дека во раци држат партизан. Потоа со измачување го носат во Дреновска Клисура и во реонот на Фариш го стрелаат заедно со уште неколкумина негови другари од Одредот и со некои родители на партизани
Елисие останува доследен во борбата против окупаторот, давајќи го највредното –својот живот