Ахмед Демир Доган
Ахмед Демир Доган (турски: Ahmed Demir Doğan, бил именуван и како Ахмед Исмаилов Ахмедов и Ахмед Хасанов Аптулов Доганов)[се бара извор] е бугарски политичар од турска националност. Тој е еден од основачите нае партијата Движење на права и слободи и негов претседател до денес. Либерал според политичката провиниенција и ги застапува интересите на Турците во Бугарија. Избиран е за пратеник е во бугарското народно собрание од 1990 година до денес.
Роден е 29 март 1954 година во Пчеларово во областа Добрич. До сега двапати стапил во брак. Моментално живее со манекенката Алтен Алиева.
Ахмер Доган има познавања од турскиот, рускиот и англискиот јазик.[1]
Животопис
уредиБил агент на бугарската Служба за државна безбедност од 1974 година.[2]
Во 1981 година ги завршува студиите по филозофија на Универзитетот во Софија. Во 1984 година докторира на Институтот за филозофија при Бугарската академија на науки.
Во 1985 година ја завржува Академијата на општествени науки и социјални работи на Централниот комитет на Бугарската комунистичка партија.
Истата 1985 година во текот на т.н. процес на одродување поврзан со насилната промена на имињата на Турците во Бугарија, станува еден од основачите на нелегалното Турското национално-ослободително движење во Бугарија.[3] Искуството од работата за Службата на државна безбедност му помага во тоа.[2] Следната година раководството на Турско национално-ослободително движење во Бугарија е уапсено, а тој е осуден е на 6 месеци и 15 дена. Во 1987 година се наоѓа повторно во затвор. Во 1989 година во судење кое е извршено зад затворени врати осуден е на десет години затвор поради формирањето на антидржавна организација. Подоцна е амнестиран.
На 4 јануари 1990 година го формира Движењето за права и слобиди. Претседател на оваа партија од либерална провиниенција е од нејзиното основање. Партијата ги застапува претежно интересите на Турците во Бугарија, но на последните избори за Европскиот парламент од нејзините редови беа избрани двајца пратеници кои не се Турци.
Ахмер Демир Доган е избиран за пратеник во бугарското собрание од 1990 година, но систематски не ги посетува седниците на собранието иако според Правилниот за работа на собраието тој е должен тоа да го прави.[4] Тој смета дека времето потрошено во собранието може да го искористи за попаметна работа.
Во текот на 2004 година од претседателот Гугарија на Георги Прванов награден е со орден Стара планина од I степен за „Заслуги за етничкиот мир и демократијата во Бугарија“. Три месеци подоцна решава да го врати одренот поради тоа што Прванов со истиот орден го наградува Васил Мрчков, главниот обвинител од времето на Процесот на одродување.[5] Со оглед на политичката тежина за на Доган, Прванов го променува претседателскиот указ и на Мрчков му го доделува орденот Кирил и Методиј.
Под негово раководство Движењето на права и слободи како трета политичка сила во коалицијата предводена од Националното движење Симеон II управува со Бугарија во периодот од 2001 до 2005 година.
Контроверзи
уредиВо текот на предизборната кампања за парламентарните избори во 2005 година во една телевизиска емисија кажува дека финансирањето на неговата партија, како и финансирањето на другите политички партии во Бугарија, го прават фирми на кои партијата им враќа со услуги.[6][7]
Наводи
уреди- ↑ http://www.dps.bg/cgi-bin/e-cms/vis/vis.pl?s=001&p=0036&n=000003&g= Архивирано на 9 март 2007 г. Ахмед Доган - Претседател на Движение за права и свободи
- ↑ 2,0 2,1 Комисия за разкриване на документите и за обявяване на принадлежност на български граждани към Държавна сигурност и разузнавателните служби на Българската народна армия - Решение №14/ 04.09.2007 г. Архивирано на 29 септември 2007 г.
- ↑ „Автобиография на Ахмед Доган от сайта на ДПС“. Архивирано од изворникот на 2007-03-09. Посетено на 2009-08-25.
- ↑ http://www.dnevnik.bg/show/?storyid=532428 Архивирано на 20 септември 2008 г. Доган е присъствал в Народното събрание три пъти за една година
- ↑ „Доган хвърли орден по Първанов“. Вестник "Сега". 2004-07-07.
- ↑ Доган: Имаме си обръч от фирми – те ни финансират, ние им помагаме, mediapool.bg
- ↑ Доган се отметна за "обръча от фирми"[мртва врска], „Сега“
Надворешни врски
уреди„Ахмед Доган“ на Ризницата ? |
- Ахмед Доган - политичар кој знае што сака и знае како да го постигне тоа Архивирано на 1 јуни 2009 г.
- Биографија Архивирано на 19 јули 2009 г.
- Биография, галерия, изказвания и интервюта Архивирано на 30 јуни 2009 г. на официалния сайт на ДПС
- Кой е Ахмед Доган? - Интервю с Костадин Чакъров Архивирано на 6 август 2009 г.: „Доган е агент, работил за няколко чужди служби срещу България“