Африканска млечка
Африканска млечкa (науч. Euphorbia trigona) — вид на цветно растение од семејството на млечките (Euphorbiaceae) кое потекнува од Средна Африка. Нешто вообичаено во одгледувањето како домашно растение или како жива ограда, видот е еден од млечките со сочни стебла и гранки како приспособување на сушните клими.
Африканска млечка | |
---|---|
Наполно развиена африканска млечка | |
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Растенија |
клад: | Скриеносеменици |
клад: | Евдикоти |
клад: | Розиди |
Ред: | Малпигиовидни |
Семејство: | Млечки |
Род: | Млечки |
Вид: | Африканска млечка |
Научен назив | |
Euphorbia trigona Mill. |
Опис
уредиОваа сочна грмушка има исправено стебло и многу гранки кои исто така растат нагоре. Стеблото и гранките можат да имаат две или три страни. Самото стебло е темно зелено со светло зелени обрасци во облик на буквата V. Трњето од 5 мм се појавува во пар на гребените на стеблото. Листовите во облик на капка растат помеѓу двата трна на секој гребен. Растението никогаш не било познато дека цвета,[1][2] и веројатно е хибрид.[2]
Одгледување
уредиАфриканската млечка може да издржи кратки ниски температури до −3 °C (27 °F). Претпочита песочна почва, но може да се справи со повеќето видови на добро исцедена почва. Може лесно да се искорени од исечоците на стеблото, ако се остави да се исуши 3-7 дена пред садењето за да може да формира калус и да не изгние. Расте до висина од 1.5-3 м.
Хемија
уредиКако и кај многу други видови од родот млечки, латексот од растението е отровен и може да предизвика иритација на кожата.[2] Тоа е растение без штетници. Проблем со кој се соочуваат некои тригони е тоа што тие се подложни на паѓање кога целосно ќе пораснат поради нивниот плиток и мал коренов систем.[3]
Употреба
уредиРастението е познато само во човечкото одгледување и најчесто е одгледувано како домашно растение.[2] Се користи како обредно растение и жива ограда во Габон.[2]
Галерија
уреди-
Африканска млечка во Ботаничката градина на ПМФ во Скопје
-
Африканска млечка во Ботаничката градина на ПМФ во Скопје
Наводи
уреди- ↑ James Cullen, Sabina G. Knees, H. Suzanne Cubey. The European Garden Flora Flowering Plants: A Manual for the Identification of Plants Cultivated in Europe, Both Out-of-Doors and Under Glass. Cambridge University Press, 2011. стр. 498. ISBN 9780521761550
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Medicinal Plants, Volume 1. PROTA, 2008. стр. 260. ISBN 9789057822049
- ↑ FLEURS TROPICALES DES JARDINS D'AFRIQUE, Miller, Euphorbia trigona, „Euphorbia trigona - fleurs d'afrique“. Архивирано од изворникот на 11 март 2016. Посетено на 30 мај 2023.
Надворешни врски
уреди- Африканска млечка на Ризницата ?