Атентат врз Павел Адамович

Атентат врз Павел Адамович — успешен атентат врз градоначалникот на Гдањск на 13 јануари 2019 година. Поради напад со нож Павел Адамович починал на 14 јануари 2019 година по неколку часа борба за живот.[1]

Атентат врз Павел Адамович
Павел Адамович (2018)
МестоГдањск, Полска
Датум13 јануари 2019
ЦелПавел Адамович
Мртви1 (Павел Адамович)
Повредени0
Марш во Варшава против насилството

Опис на настанот

уреди

На 13 јануари 2019 година, за време на концерт на Големиот оркестер за божиќна помош околу 20:00 часот, Стефан Ф. се качил на сцената и го повредил Павел Адамович со нож. По нападот го земал микрофонот и почнал да зборува, дека бил осуден невин (за време на власта на Граѓанска Платформа, владејачка партија во Полска од 2007 до 2015 година, Павел Адамович до 2015 година бил член на оваа партија). По нападот, обезбедувањето го совладал напаѓачот и започнале со реанимација на Адамович. По ден борба за живот и операција, градоначалникот умрел на 14 јануари 2019 околу 14:30 часот. Претседателот на Полска - Анджеј Дуда најави народна жалост на денот на погребот на градоначалникот на Гдањск.[2][3][4]

Наводи

уреди