Небесен меридијан

(Пренасочено од Астрономски меридијан)

Небесен меридијан — замислената голема кружница која минува низ небесните полови[1], како и зенитот и надирот од местото на набљудување. Затоа, на него лежат и северната и јужната точка на хоризонтот, и тој е нормален на небесниот екватор и хоризонт. Меридијаните, било небесни или географски, се определуваат со замислени прави кои минуваат низ Земјината вртежна оска. За дадено место што не е во географски пол, постои единствена меридијанска рамнина во ова осно шило низ тоа место. Пресекот на оваа рамнина со Земјината површина е географскиот меридијан, а пресекот на рамнината со небеснаа сфера е небесниот меридијан за тоа место и време.

Меридијанот на небесната сфера. Горниот меридијан на набњудувачот (полукруг) минува низ неговиот зенит, како и низ северната и јужната точка на неговиот хоризонт; месниот меридијан на набљудувачот е полукругот кој го содржи неговиот зенит и обата небесни пола.

Постојат неколку начини да се подели перидијанот во полукруг. Во хоризонтскиот координатен систем, меридијанот на набљудувачот е поделен на половини со завршетоци во северната и јужната точка. Горниот меридијан на набљудувачот минува низ зенитот, а пак долниот меридијан минува низ надирот. Поинаку кажано, меридијанот е поделен на месниот меридијан, полукружницата која ги содржи зенитот на набљудувачот и двата небесни пола, и спротивниот полукруг, на кој лежат наридор и двата пола.

На секој еден ѕвезден ден/ноќ, небесното тело делува како да патува преку или го преминува горниот меридијан на набљудувачот како што се врти Земјата, бидејќи меридијанот е неподвижен на месниот хоризонт. При кулминација, телото стапува во допир со горниот меридијан и ја достигнува највисоката точка на небото. Времето на кулминација се определува користејќи ја ректасцензијата телото и месното ѕвездено време (погл. часовен агол).

Поимот „меридијан“ доаѓа од латинскиот збор meridies што значи „пладне“ или „југ“, бидејќи небесниот екватор изгледа наклонет јужно од северната полутопка.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди

Извори

уреди
  • Millar, William (2006). The Amateur Astronomer's Introduction to the Celestial Sphere. Cambridge University Press.