Астрариум
Астрариум, исто така наречен планетариум, ― механичка претстава на цикличната природа на астрономските објекти во еден часовник. Тој е астрономски часовник.
Историја
уредиГрчки и римски свет
уредиПрвите астрарии биле механички уреди. Се вели дека Архимед користел примитивна верзија која можела да ги предвиди положбите на Сонцето, Месечината и планетите. На 17 мај 1902 година, археолог по име Валериос Стаис открил дека грутка оксидиран материјал, кој бил извлечен од бродолом во близина на грчкиот остров Антикитера, држел механизам со запченици. Овој механизам, познат како механизам од Антикитера, неодамна бил предатиран на крајот на 2 век п.н.е.[1] Обемното проучување на фрагментите, со помош на рендгенски зраци, откриле доволно детали (запченици, пињони, рачки за педали) за да им овозможат на истражувачите да изградат делумни копии на првичниот уред.[2][3][4] На главните запченици се изгравирани имињата на планетите, што остава малку сомнеж за планираната употреба на механизмот.
До крајот на антиката, знаењето и науката зад овој дел од часовникот биле изгубени.
Среден век и ренесанса
уредиПрвиот современ документиран астрариумски часовник бил завршен во 1364 година од Џовани де Донди (1318–1388), научник и лекар од средниот век заинтересиран за астрономија и хорологија. Првичниот часовник, составен од 107 тркала и пињони, бил изгубен, можеби за време на ограбувањето на Мантова во 1630 година, но де Донди оставил детални описи, кои преживеале, овозможувајќи реконструкција на часовникот. Го прикажува средното време, сидералното (или ѕвезденото) време и движењата на Сонцето, Месечината и петте тогаш познати планети Венера, Марс, Сатурн, Меркур и Јупитер. Тој бил замислен според птолемејската концепција за Сончевиот Систем. Де Донди бил вдахнат од неговиот татко Јакопо кој го дизајнирал астрономскиот часовник на Пјаци деи Сињори, Падова, во 1344 година - еден од првите од ваков вид.
Во подоцнежните времиња биле изградени повеќе астрарии. Познат пример е планетариумот „Ајсе Ајсинха“, изграден во 1774 година од Ајсе Ајсинха од Дронријп, Фризија, Холандија. Ги прикажувал сите планети и бил поставен на таванот во една куќа во Франекер, каде што сè уште може да се посети.
Во совемените времиња, астрариумот прераснал во туристичка знаменитост како комерцијално експлоатирано прикажување на планетариум во кината IMAX, со презентации како „Историјата на универзумот“, како и други астрономски феномени.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Antikythera Mechanism Research Project“. www.antikythera-mechanism.gr (англиски). Архивирано од изворникот на 26 септември 2012. Посетено на 13 јануари 2022.
- ↑ „Solid Models of the Antikythera Mechanism | Antikythera Mechanism Research Project“. www.antikythera-mechanism.gr (англиски). Архивирано од изворникот на 15 март 2008. Посетено на 13 јануари 2022.
- ↑ „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 6 декември 2006. Посетено на 13 јануари 2022.
- ↑ „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 16 февруари 2008. Посетено на 13 јануари 2022.
Книжевност
уреди- Џовани Донди дел Оролоџо – „Tractatus astarii“
Надворешни врски
уреди- Аносфера Електромеханички модел на односот Земја/Сонце.
- Библиотека со слики на науката и општеството : - слика на „Астрариумот“ на Де Донди, првиот астрономски часовник во светот, 1364 година.
- Hi-Tech Astrarium на de Dondi, стил од 14 век
- Планетариум Het Eise Eisinga
- Сончев темпометар Астрариумски часовник кој работи кон Сонцето.