Архелај (старогрчки: Ἀρχέλαος) ― драма напишана и изведена во Македонија од Еврипид во чест на Архелај I Македонски на исто ниво со кралот Каран. Несомнено е дека Еврипид го преобразил Каран во Архелај (што значи „водач на народот“) во драмата, во обид да му угоди на Архелај I Македонски.[1] Во претставата, Архелај, синот на Темен, бил протеран од Аргос од неговите браќа и отишол во Тракија, кај кралот Сисеј, кој случајно војувал со соседните луѓе и му ветил на Архелај своето кралство и ќерка ако може да го заштити од непријателите. Архелај го направи тоа и отиде да ја побара од кралот ветената награда. Меѓутоа, кралот го прекршил ветувањето и решил да го убие Архелај со предавство. Затоа, тој нареди да се подготви замка за да го фатат во стапица. Но, еден роб на кралот му кажал на Архелај за заговорот и јунакот побарал таен разговор со кралот: кога бил сам го фрлил во стапицата. Потоа побегнал во Македонија, предводен од коза, според некоја команда на Аполон, и по козата го основал градот Ајга.

„Архелај“
АвторЕврипид
ЛиковиАрхелај I, Кисеј, други
Место на премиераМакедонија
Изворен јазикСтарогрчки
ЖанрТрагедија

Од главната претстава се зачувани само фрагменти. Делата Алкмена, Темен, Темениди и Архелај биле дел од македонската тетралогија на Еврипид.

Наводи

уреди
  1. Gagarin, Michael (2010). The Oxford Encyclopedia of Ancient Greece and Rome, Volume 1. Oxford University Press. стр. 229. ISBN 978-0195170726.

Општи извори

уреди
  • „Кресфонт и Архелај од Еврипид“ од Анет Хардер, Еврипид. ISBN 90-04-07511-9ISBN 90-04-07511-9 .
  • „Македонската тетралогија од Еврипид“ од Ричард Џонсон Вокер.