Арсениј II (охридски архиепископ)
архиепископ Охридски
Арсениј II бил православен свештеник и последниот охридски архиепископ во период во 1763 година до 16 јануари 1767 година, кога цариградскиот патријарх го принудил да поднесе оставка, по која Охридската архиепископија била неканонски укината и нејзините епархии биле ставени под јурисдикција на Цариградската патријаршија.[1][2] Се смета дека потекнувал од охридскиот род Баласчевци.[3]
Арсениј II | |
---|---|
Архиепископ Охридски | |
Ракоположен | 1763 |
Службата завршила | 1767 |
Претходник | Ананиј |
Наследник | нема Доситеј II во 1958 г. по црковната обнова |
Своите последни денови, овој архиепископ ги поминал на Света Гора, во ќелија на Зографскиот манастир, каде и починал.[2]
Песната „1762 лето“, напишана од Григор Прличев, го опишува токму овој настан на неканонското укинување на Охридската архиепископија.
Наводи
уреди- ↑ Грозданов, Цветан (2007). Живописот на Охридската архиепископија: студии. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите.
- ↑ 2,0 2,1 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 44. ISBN 9989-624-46-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 28. ISBN 9989-613-28-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help)
Надворешни врски
уреди- 1762 лето Архивирано на 19 јануари 2021 г. (песна)