„1762 лето“, Песна за патрикот или Песен за унищожението на Охридската патриаршия, е македонска народна песна напишана од Григор Прличев, писател од Македонија во преродбениот период.

„1762 лето“
Песна од
Григор Прличев, Мiзар
Јазикмакедонски
Објавенаоколу 1870 година[1][2]
Жанрмакедонска народна музика, етно, готик рок/дарквејв
Должина4:25 (Мiзар)[3] до 21:00, во зависност од изведбата на фолк ансамблот.[4]
Композитор(и)непознат, со разни
современи аранжмани
ТекстописецГригор Прличев

Песната првично била објавена во бугарскиот периодичен научен магазин „Зборник за фолклор, наука и литература“ во Софија, Бугарија (1894).[5]

Песната го опишува укинувањето на Охридската архиепископија, што се случило во 1767 година, и заминувањето на нејзиниот последен архиепископ Арсениј Втори од Охрид. Била многу популарна во Македонија, а особено во Охрид, во последните децении на XIX век.[6][7][8] Првпат била изведена во Охрид кратко време по венчавката на Прличев околу 1870 година. Според Прличев и другите современици,[9] песната придонела повеќе за конечната победа на македонското движење во Македонија против Вселенската патријаршија во Цариград отколку многуте претходни напори од Бугарите.

Во 1953 година, песната е преведена и објавена од издавачката куќа Кочо Рацин во Скопје за прв пат на литературен македонски јазик од Тодор Димитровски во „Автобиографија; Сердарот“, по повод 60-годишнината од неговата смрт.[10]

Песната има јасен епски карактер.

Одлики

уреди

Низ годините, бројни верзии на песната се снимени од македонски изведувачи. Популарните настапи ги вклучуваат оние на македонскиот фолк состав Ансамбл Билјана во 1974 година и алтернативниот состав Мизар во 1991 година:[11]

  • Аранжманот е во еф-мол, на пример на ансамблот Билјана, додека тактот е 3/4, во сите верзии на изведувачите.[12]
  • Најдолгата верзија е на Мизар, во це-мол, од дури 21 минута.

Други изведувачи се Наум Бурназ, Сашо Гигов - Гиш и дуото Венко Пашовски и Митко Колјушевски.

Текст

уреди

Илјада и седимстотин'
шесдесет и второ лето
в Охрида од Цариграда дошел Салаор.
Еј! Дошел Салаор.

Се претставил пред Арсења
наша патрика честнаго
и му рек'л слово горко, слово жалостно.
Еј! Слово жалосно.

Царска волја е да тргнеш
денеска за Цариграда
на тебе од врли Грци, голем поплак е.
Еј! Голем поплак е.

Собрал патрик свое стадо
в црква свјатиј Климентова
благослов им дал последен, р'це заплетил.
Еј! Р'це заплетил.

Д'лго време липал старец
в молчење в'сенародно
и по бела брада ронел с'лзи горешти.
Еј! С'лзи горешти.

Слушајте ме мили чеда
јас ќе идам в Цариграда
на мене од врли Грци голем поплак е.
Еј! Голем поплак е.

Грцкиј патрик ќе ни строши
славна Охридска Столица
и мене до смрт ќе држи в заточение
Еј! В заточение.

Ќе прати владици Грци
лицем светци срцем в'лци
ќе ве дават, ќе ве стрижат, ќе м'лзат до крв.
Еј! Ќе молзат до крв.

Меѓу народа ќе сејат
несогласје и раздори,
да се мразат син со татка и со брата брат.
Еј! И со брата брат.

И ќе викнете до Бога
и крило не ќе најдете,
смирени ќе наведете глави доземи.
Еј! Глави до земи.

Ќе ми бидете сираци,
така било написано.
Елате ми да ве гушнам за последен п'т.
Еј! За последен пат.

Ч'рна т'га поразила
старо, младо, м'жи, жени,
Вси со р'це заплетени с'лзи проливат.
Еј! Солзи поливат.

Тој ги гушка, тие тажни
му целуват десна р'ка
и од р'ка как' од извор с'лзи се лејат.
Еј! Солзи се лејат.

Вјахнал Патрик брза коња
и неволно уп'тил се.
Тога грмкиј плач народен небо процепил.
Еј! Небо процепил.

Умилил се чесниј Патрик,
свалил шапка навезана,
погледал на сино небо, љуто прок'лнал.
Еј! Љуто проколнал:

„Ох! послушај, милиј Боже!
Аир никогаш да немаат
Стамче беј и Бујар Лигдо, Пејко челеби!
Еј! Пејко челеби.

Милостивиј Бог послушал
патричка горешта клетва,
слава нивна, семе нивно погубил со шум.
Еј! Погубил со шум.

И сега во куќи нивни
ткае пајак пајажина
и во пусти стреи нивни хукаат утови.
Еј! Хукаат утови.

Наводи

уреди
  1. Grigor Parlichev. Autobiography, 2004, Skopje. (на македонски)
  2. Grigor Parlichev. Autobiography, 1894, Sofia. (на бугарски)
  3. 1762 лето Мiзар
  4. Песна за патрикот во изведба на Митко Колјушевски и Венко Пасовски од Охрид, Македонија
  5. Gr. S. Parlichev. Autobiography. Collection of folklore, science and literature, book 11, 1894, page 346.
  6. Ivan Snegarov. History of the Archbishopric of Ohrid, vol. 2. Sofia, 1932. (на бугарски)
  7. Simeon Radev. Ранни спомени (Early Reminiscences), изд. къща Стрелец, Sofia, 1994. (на бугарски)
  8. Evtim Sprostranov. About the Revival in the City of Ohrid. In: Сборникъ за Народни Умотворения, Наука и Книжнина, книга XIII, Sofia, 1896. (на бугарски)
  9. Simeon Radev. Macedonia and the Bulgarian Revival in the 19th century. Sofia, 1918. (на француски)
  10. Поповски: Прличев не беше само поет, туку и полиглот и гениј
  11. „на pesna.org“. Архивирано од изворникот на 2021-01-19. Посетено на 2020-10-14.
  12. Партитури и текст од tousauxbalkans.net

Надворешни врски

уреди