Агата

Македонска царица, жена на Самоила.

Агата (X-XI век), била македонска царица, втора жена на царот Самоил.[1] Потекнувала од византиска благородничка фамилија од градот Драч. Нејзиниот татко Јован Хризал (некаде се сретнува како Јован Хрисилиј)[2] бил протеуон на Драч и имал големо влијание во градот и во околината. Се смета дека таа стапила во брак со Самоил, во шеесеттите години на X век. Во бракот со Самуил Агата имала четири ќерки (?, Катун Анастасија, Мирослава и Теодора Косара) и синот Гаврило Радомир.[3]

Споменик на Самоил во Скопје.

Наводи уреди

  1. С. Пириватрић, Самуилова држава, Београд, 1997
  2. Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 12. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)
  3. Ioannis Scylitzae Sinopsis historiarum, rec. I. Thurn, Berolini et Novi Eboraci, 1973