Ардешки Клисури
Ардешки Клисури — низа клисури долж реката, локално познати како „Европски Голем Кањон“. Клисурите се наоѓаат долж реката Ардеш, во францускиот департман Ардеш, и создаваат триесет километри долг кањон што се протега од Валон-Понт-д'Арк до Сен-Мартен-д'Ардеш. Долниот дел од клисурата ја формира границата помеѓу департманите Ардеш и Гард. Кањонот е туристичка атракција, привлекувајќи над милион посетители годишно, покрај богато историско и археолошко наоѓалиште.
Ардешки Клисури Gorges de l'Ardèche | |
---|---|
Поглед на Ардешките Клисури | |
Должина | 30 км |
Географија | |
Местоположба | Франција |
Земји | Франција |
Покраина | Гар и Ардеш |
Област | Оверњ-Рона-Алпи и Окситанија |
Координати | 44°21′47″N 4°26′56″E / 44.363° СГШ; 4.449° ИГД |
Река | Ардеш |
Поголемиот дел од кањонот е заштитен и е управуван од Резерватот Природни клисури на Ардеш. Една од поубавите глетки долж кањонот е Пон д'Арк на почетокот на кањонот, природен лак широк 60 м и висок 54 м. Голем дел од кањонот е недостапен освен преку вода, а кајакарството е популарen спорт на реката. Кампување во текот на ноќта не е дозволено, освен во двa биваци. [1]
Карпите нудат живеалиште за ретки птици како што е планинскиот орел [2] (Во 2012 година имало само два пара орли во Ардеш, а не повеќе од триесет во цела Франција.[3])
Луѓето живееле во пештери во областа повеќе од 300.000 години. Во клисурата се пронајдени над 2.000 пештери, некои од нив насликани; најпознатата сликана пештера во клисурата е пештерата Шове.[2]
Наводи
уреди- ↑ Holden, Andrew; Fennell, David A. (2012). The Routledge Handbook of Tourism and the Environment. Routledge. стр. 378. ISBN 978-1-136-32555-7. Посетено на 5 July 2013.
- ↑ 2,0 2,1 Automobile Association of Britain (2000). Journey Through France. W W Norton & Company. стр. 106–107. ISBN 978-0-393-32067-1. Посетено на 5 July 2013.
- ↑ Meilhac, David (7 June 2013). „Un aigle de Bonelli, une espèce protégée, abattu dans les Gorges de l'Ardèche“. France Bleu, Drôme Ardèche. Посетено на 6 July 2013.