Аполонски астероиди

група астероиди
(Пренасочено од Аполони)

Аполонски астероиди (или аполони) — група близуземски астероиди наречени по астероидот 1862 Аполон, откриен од германскиот астроном Карл Вилхелм Рајнмут во 1930-тите. Тие се земјопресекувачки астероиди чија орбитална голема полуоска е поголема од онаа на Земјата (> 1 ае) но со перихелни растојанија помали од Земјиното афелно растојание (q < 1,017 ае).[1][2]

Местоположба на аполонските астероиди (аполони) во однос на орбитите на неколку планети во Сончевиот Систем
      Марс (Ма)
      Венера (В)
      Меркур (Ме)
      Сонце
      Аполони
      Земја (З)

Во декември 2018 г. биле познати 10.485 аполонски астероиди, поради што тие сочинуваат најголема класа на близуземски тела.[3] Од нив, 1.409 имаат бројни ознаки (кои ги добиваат кога ќе бидат забележани на две или повеќе противположбаи), а 1.648 се прогласени за потенцијално опасни астероиди.[4][5]

На оние чија голема полуоска е поблиска до Земјината им треба помало занесување за да се пресечат орбитите. На класата на аполонски астероиди припаѓал метеорот што експлодирал над градот Чељабинск во Русија на 15 февруари 2013 г. и повредил преку 1.500 жители поради распрснатите стакла.[6][7]

Список

уреди

Најголемиот познат аполонски астероид е 1866 Сизиф, чиј пречник изнесува 8,5 км. Еве ги попознатите астероиди од класата:

Име/ознака Откриен Навод
2019 SU3 2019 ЦМП
2016 WF9 2016 ЦМП
2014 JO25 2014 ЦМП
2013 FW13 2013 ЦМП
2013 RH74 2013 ЦМП
2011 MD 2011 ЦМП
2011 EO40 2011 ЦМП
2010 AL30 2010 ЦМП
(529366) 2009 WM1 2009 ЦМП
2009 DD45 2009 ЦМП
(386454) 2008 XM 2008
2008 TC3 2008 ЦМП
2008 FF5 2008 ЦМП
2007 VK184 2007 ЦМП
2007 TU24 2007 ЦМП
2007 WD5 2007 ЦМП
2007 OX 2007 ЦМП
(277810) 2006 FV35 2006
(394130) 2006 HY51 2006
(292220) 2006 SU49 2006
(308635) 2005 YU55 2005
2005 WY55 2005 ЦМП
2005 HC4 2005 ЦМП
2004 XP14 2004 ЦМП
(374158) 2004 UL 2004
(357439) 2004 BL86 2004
(444004) 2004 AS1 2004
2003 RW11 2003 ЦМП
2003 BV35 2003 ЦМП
(89958) 2002 LY45 2002
(179806) 2002 TD66 2002
54509 ЈОРП 2000
162173 Рјугу 1999
(137108) 1999 AN10 1999
101955 Бену 1999
1998 KY26 1998 ЦМП
(433953) 1997 XR2 1997
65803 Дидим 1996
69230 Хермес 1937
(53319) 1999 JM8 1999
(52760) 1998 ML14 1998
(35396) 1997 XF11 1997
25143 Итокава 1998
(136617) 1994 CC 1994
(175706) 1996 FG3 1996
6489 Голевка 1991
4769 Касталија 1989
4660 Нереј 1982
4581 Асклепиј 1989
4486 Митра 1987
14827 Хипнос 1986
4197 Морфеј 1982
4183 Куно 1959
4179 Тевтат 1989
4015 Вилсон–Харингтон   1979
3200 Фаетон 1983
2063 Бах 1977
1866 Сизиф 1972
1620 Географ 1951
(29075) 1950 DA 1950
1566 Икар 1949
1685 Торо 1948
2101 Адонис 1936
1862 Аполон 1932

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Near-Earth Object Groups“. JPL – NASA. Посетено на 11 ноември 2016.
  2. Weisstein, Eric. „Apollo Asteroid“. Wolfram Research. Посетено на 27 февруари 2013.
  3. „NEO Discovery Statistics“. Архивирано од изворникот на 2017-04-03. Посетено на 11 ноември 2016.
  4. „JPL Small-Body Database Search Engine“. JPL/NASA. 4 декември 2018. Посетено на 4 декември 2018.
  5. „JPL Small-Body Database Search Engine: PHAs and orbital class (APO)“. JPL Solar System Dynamics. Посетено на 11 ноември 2016.
  6. Cantor, Matt (26 февруари 2013). „Scientists figure out Russia meteor's origin“. USA Today. Посетено на 11 ноември 2016.
  7. Jacob Aron (26 февруари 2013). „Russian meteor traced to Apollo asteroid family“. New Scientist. Посетено на 11 ноември 2016.

Надворешни врски

уреди