Алиндски астероиди
Алиндски астероиди (алинди) — група астероиди со голема полуоска од околу 2,5 ае и орбитално занесување од 0,4 до 0,65.[1] Наречена е по астероидот 887 Алинда, откриен од Макс Волф во 1918 г.
Овие тела се држат во подрачјето со орбитална резонанција со Јупитер во сооднос 1:3 (2,502 ае), што е блиску до резонанција 4:1 со Земјата (2,520 ае). Орбиталната занесеност на тело во оваа резонанција се зголемува со гравитациски пресеци со Јупитер сè додека не биде доведено во блиска средба долна планета, која ја нарушува резонанцијата.
Некои алинди имаат перихели многу блиски до Земјината орбита, од што произлегуваат низа блиски средби во четиригодишни интервали, поради резонанцијата 4:1 (приближно).
Една последица до ова е ситуацијата кога алиндски астероид е на неповолна положба за набљудување кога се наближува кон Земјата (на пример, при мало издолжување од Сонцето), тогаш оваа ситуација знае да трае со децении. Така, во 2010 г. е заклучено дека алиндскиот астероид 1915 Кецалкоатл е забележам само еднаш од 1985 г наваму.
Друга последица е тоа што некои од овие астероиди неколкупати доаѓааат релативно блиску Земјата, поради што се погодни за добри проучувања со радари од Земјината површина. Такви примери се 4179 Тевтат и 6489 Голевка, како и 2019 MO, кој се судрил со Земјата во јуни 2019 г.
Динамичка старост
уредиРезонанцијата 3:1 со Јупитер предизвикува повторливо накачување на занесеноста на астероидната орбита. Динамички младите членови имаат занесување од 0,30 до 0,34, претежно задржувајќи се во астероидниот појас на 1,7–3,4 ае од Сонцето.[2] Постарите членови како 8709 Кадлу имаат занесеност од 0,465 до 0,475 иа ја пресекуваат Марсовата орбита. (8709 Кадлу доаѓа доволно блиску до Јупитер, Марс и Земјата за да биде гравитациски поттурнат)[3] Најстарите членови со занесеност меѓу 0,57 и 0,75 ја пресекуваат Земјината орбита.[2] Најзанесен астероид од групата е 3360 Сиринга, со вредност од 0,7 и орбита со динамички краток животен век.
Список
уредиИме | Голема полуоска | Занесеност | Наводи |
---|---|---|---|
887 Алинда | 2,48422 | 0,56356 | JPL · ЦМП |
1429 Пемба | 2,55185 | 0,33858 | JPL · ЦМП |
1550 Тито | 2,54673 | 0,30984 | JPL · ЦМП |
1607 Мејвис | 2,54783 | 0,30741 | JPL · ЦМП |
1915 Кецалкоатл | 2,54207 | 0,57170 | JPL · ЦМП |
2608 Сенека | 2,5035 | 0,57620 | JPL · ЦМП |
3360 Сиринга | 2,46803 | 0,74295 | JPL · ЦМП |
3628 Божњемцова | 2,53691 | 0,30052 | JPL · ЦМП |
3806 Тремејн | 2,54058 | 0,31301 | JPL · ЦМП |
4179 Тевтат | 2,51005 | 0,63423 | JPL · ЦМП |
5847 Вакија | 2,54442 | 0,30086 | JPL · ЦМП |
5864 Монголфје | 2,55866 | 0,32007 | JPL · ЦМП |
6318 Кронкајт | 2,51002 | 0,46522 | JPL · ЦМП |
(6322) 1991 CQ | 2,51628 | 0,47349 | JPL · ЦМП |
6489 Голевка | 2,50768 | 0,60382 | JPL · ЦМП |
(6491) 1991 OA | 2,50959 | 0,58946 | JPL · ЦМП |
7092 Кадмо | 2,52493 | 0,70202 | JPL · ЦМП |
7345 Хапер | 2,45047 | 0,32467 | JPL · ЦМП |
(7568) 1988 VJ2 | 2,52739 | 0,33216 | JPL · ЦМП |
(7569) 1989 BK | 2,54950 | 0,30348 | JPL · ЦМП |
7638 Гледман | 2,53634 | 0,31606 | JPL · ЦМП |
(8201) 1994 AH2 | 2,53362 | 0,70851 | JPL · ЦМП |
8709 Кадлу | 2,53497 | 0,48432 | JPL · ЦМП |
(9047) 1991 QF | 2,52479 | 0,31661 | JPL · ЦМП |
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Minor planet groups/families Архивирано на 28 ноември 2010.
- ↑ 2,0 2,1 John S Lewis (3 август 2015). „The Alinda Family of Asteroids“. Посетено на 26 јуни 2019.
- ↑ „JPL Small-Body Database Browser: 8709 Kadlu (1994 JF1)“. Jet Propulsion Laboratory. Посетено на 26 јуни 2019.