Анто Бабиќ
Анто Бабиќ (Граховик, кај Травник, 3 јануари 1899 - Сараево, 12 јануари 1974 ) – историчар, редовен член на АНУБиХ и член на МАНУ надвор од работниот состав (од 4 мај 1972).[1]
Анто Бабиќ | ||
Роден | 3 јануари 1899 Граховик, кај Травник | |
---|---|---|
Починал | 12 јануари 1974 Сараево | |
Националност | Хрват | |
Занимање | универзитетски професор, академик |
Животопис
уредиБабиќ е роден во 1899 година во Граховац кај Травник, завршил Филозофски факултет во Загреб во 1923 година, а потоа бил гимназиски професор во Сараево. Како учесник во НОБ, бил член на Претседателството на ЗАВНОБиХ и член на АВНОЈ. По Ослободувањето бил министер за просвета во првата Влада на НРБиХ и потпретседател на Президиумот на Народното собрание на НРБиХ, редовен професор (1950-1970) и прв декан на Филозофскиот факултет во Сараево, редовен член од основањето на Научното друштво на БиХ и на АНУБиХ и прв претседател на Друштвото на историчарите на БиХ. Негова научна специјалност била историјата на средновековна Босна.[1]
Творештво
уреди- Историја народа ФНРЈ – средњи вијек, Сарајево, 1946;
- Босански херетици, Сарајево, 1963;
- Из историје средњовјековне Босне, Сарајево, 1973.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 110. ISBN 978-608-203-023-4.