Антонија Брентано (28 мај 1780 година во Виена – 12 мај 1869 година во Франкфурт), роденa како Јохана Антониja Јозефа Едле фон Биркеншток, познатa како Тони, билa филантроп, колекционер на уметнички дела, уметнички покровител и близок пријател на Бетовен, кој ѝ ги посветил „Дијабели“ варијациите за пијано.

Антонија Брентано
Родена Јохана Антониja Јозефа Едле фон Биркеншток
28 мај 1780(1780-05-28)(244 г.)
Починала 12 мај 1869(1869-05-12) (возр. 88)

Ран живот

уреди

Антонија била ќерка на австрискиот дипломат, образовен реформатор и колекционер на уметнички дела Јохан Мелхиор Едлер фон Биркеншток (1738–1809) и неговата сопруга Каролина Јозефа фон Хај (родена 1755 година во Фулнек/Бемен; починала на 18 мај 1788 година во Виена). Таа имала три браќа и сестри, од кои двајца починале во детството:

  • Хуго Конрад Готфрид фон Биркеншток (15 декември 1778 година во Виена – 10 април 1825 година во Ибс ан дер Донау). Поручник во царско-кралската Вејденфелдска пешадија
  • Константин Виктор фон Биркеншток (роден и починат во 1782 година во Франкфурт)
  • Јохан Едвард Валентин фон Биркеншток (роден и починат во 1784 година во Франкфурт)

Нејзиниот татко бил царски советник на царицата Марија Терезија и на реформистичкиот император Јосиф II. Преку неговата сопруга, тој бил зет на Џозеф фон Зоненфелс, на кој му била посветена бетовеновата пијано соната во Де-дур оп. 28 (1802). Нејзината мајка била сестра на Јан Леополд Ритер фон Хеј (1735–1794), епископ од Храдец Кралове.

Од 1782 година до 1784 година, семејството Биркеншток живеело во Франкфурт на Мајна, каде што браќата на Антонија, Константин Виктор и Јохан Едвард фон Биркеншток, биле родени и починале за време на детството. Јохан Мелхиор фон Биркеншток најверојатно се запознал со семејството Брентано во тоа време. Во Виена, семејството живеело во замок со четириесет соби во централниот градски кварт на Ландштрасе, кој се наоѓал на Ердбергасе бр. 98 (денес, Ердбергштрасе 19), и каде се наоѓала големата библиотека и уметничка колекција на Биркеншток.

Десет дена пред нејзиниот осми роденден, Антонија ја изгубила мајка си за време на епидемија и била испратена на училиште во Урсулинскиот манастир во Пресбург.

Брак и деца

уреди

Во септември 1797 година, просперитетниот франкфуртски трговец Франц Брентано (1765–1844), полубрат на авторите Клеменс Брентано (1778–1842) и Бетина фон Арним (1785–1859), ја испратил својата полусестра Софи Брентано (1806) и својата маќеа Фридерика Брентано вон Ротенхоф (1771–1817) во Виена за да ја запознаат Антонија.[1] Франц накратко се сретнал со Антонија на крајот од 1796 година или почетокот на 1797 година. По долги преговори со таткото на Антонија, Франц и Антонија се венчале на 23 јули 1798 година во црквата Свети Стефан во Виена. Осум дена по венчавката, парот заминал од Виена за Франкфурт на Мајна. Антонија и Франц имале шест деца:

  • Матилда (3 јули 1799 година во Франкфурт на Мајна – 5 април 1800 година).
  • Георг Франц Мелхиор (13 јануари 1801 година во Франкфурт на Мајна – 1 март 1853 година), оженет на 5 јануари 1835 година за Лила Фајфер (1813–1868).
  • Максимилијана Јуфрозина Кунингунд (8 ноември 1802 година во Франкфурт на Мајна – 1 септември 1861 година, Брунен, Швајцарија), на 30 декември 1825 година се омажила за Фридрих Ландолин Карл фон Блитерсдорф (1792–1861). Бетовен ѝ составил трио за пијано, виолина и виолончело.[2][3] „Бетовен никогаш не го објавил ова дело, можеби бидејќи тоа било премногу лежерно по природа. Тој го напишал за неговата 10-годишна ученичка по пијано, Макс Брентано, и ставил белешка „за мојата мала пријателка да ја охрабри да свири пијано."[4]
  • Јозефа Лудовика (29 јуни 1804 година во Франкфурт на Мајна – 2 февруари 1875 година), на 28 мај 1832 година се омажила за Антон Теодор Брентано-Тоза (1809–1895).
  • Франческа Елизабета, позната како Фани (26 јуни 1806 година во Франкфурт на Мајна – 16 октомври 1837 година), во 1836 година се омажила за Јохан Баптист Јозеф Ројс.
  • Карл Јозеф (8 март 1813 година во Франкфурт на Мајна – 18 мај 1850 година).

Виенски години

уреди

Во август 1809 година, Антонија се вратила во Виена да се грижи за нејзиниот болен татко, кој починал на 30 октомври 1809 година. По неговата смрт, Антонија останала во Виена три години за да ја среди уметничката колекција на нејзиниот татко и да ја надгледува нејзината продажба. Франц Брентано основал филијала на својот бизнис во Виена и таму ѝ се придружил на сопругата. Бетина фон Арним, во нејзиниот епистоларен роман Преписката на Гете со дете, ја опишува колекцијата на Биркеншток на следниов начин:

Многу сум задоволна од старата кула, од каде го гледам целиот Пратер: дрвја по дрвја со величествен изглед, прекрасни зелени тревници. Овде живеам во куќата на покојниот Биркеншток, среде две илјади гравури, исто толку многу цртежи, стотина антички урни, етрурски лампи, мермерни вазни, антички остатоци од раце и нозе, слики, кинески фустани, монети, колекции на минерали, морски инсекти, телескопи, безброј мапи и планови на древни закопани кралства и градови, вешто изработени стапови, вредни документи и на крај мечот на императорот Карол. Сето ова нè опкружува со весела конфузија и само треба да се доведе во ред, така што нема што да се допре или да се разбере, и со костенската уличка во полн цут и бурниот Дунав кој нè носи на грб, едвај се издржува Галеријата на уметноста.[5]


Семејството Брентано се запознало со Бетовен и Гете во тоа време, во 1810 и 1812 година соодветно, и Бетовен последователно станал близок семеен пријател и редовен посетител на домот на семејството Брентано додека тие сè уште живееле во Виена. Бетовен евентуално посветил едно од неговите најуспешни дела на Антонија, „Дијабели“ варијациите за пијано; а уште две дела посветил на нејзината ќерка Максимилијана, вклучувајќи ја и неговата претпоследна соната за пијано.[6]

Кандидатура за Бесмртната возљубена

уреди

Американскиот психолог Мејнард Соломон, во неговата книга за животот на Бетовен од 1977 година, изнел повеќе аргументи според кои писмата на Бетовен за „Бесмртната возљубена“ биле наменети за Антонија, наведувајќи познати факти кои го поддржуваат неговото тврдење дека Брентано и Бетовен биле интимно вмешани до крајот на летото од 1812 година. И покрај успехот во наведувањето на многу научници да ја прифатат неговата хипотеза како факт, Соломон напишал: „Јасно е дека тука не постои можност за апсолутна сигурност и истражувачот не треба да ги исклучи дури и најневеројатните можности.“ Оставајќи ја отворена можноста за појава на контрадикторни докази во иднината, Соломон, побиен од некои научници[7][8] и сè уште поддржан од други,[9] тврди дека по 42 години најверојатниот кандидат за Бесмртната возљубена на Бетовен останува Антонија Брентано.[10] Мислителите кои се противат на неговото тврдење единствено наведуваат дека Антонија не само што била омажена, туку најверојатно бремена во времето на наводната средба во Карлсбад во 1812 година, а Бетовен, според негово признание, бил верен пријател на Антинија, на нејзините деца и нејзиниот сопруг, и бил сосема чесен човек.[7]

Добротворна дејност

уреди

Откако семејството Брентано се враило од Виена, Франц бил избран за сенатор на Франкфурт (1816). Антонија била позната како „мајката на сиромашните“ поради нејзината добротворна дејност собирајќи средства за сиромашните и обесправените граѓани на Франкфурт. Таа основала и водела неколку добротворни организации.[11] Антонија исто така била една од најистакнатите културни фигури во Франкфурт и помогнала во формирањето на неговото салонско друштво. Семејството Брентано ги забавувало познатите личности на времето како Гете и браќата Грим, како во нивната куќа во Франкфурт така и во нивната викендичка Винкел близу Рајнгау.[12]

Белешки

уреди
  1. Schenck zu Schweinsberg, Karen (1985). Meine Seele ist bey Euch Geblieben. Germany: Acta humanoria. ISBN 3-527-17537-7.
  2. „Beethoven Allegretto for Piano Trio, WoO 39 - Download free sheet music“. musopen.org (англиски). Посетено на 2021-07-06.
  3. „Autograph manuscript of the Piano Trio in one movement WoO 39“. Архивирано од изворникот на 2019-01-26. Посетено на 2021-07-06.
  4. „Beethoven, Bach, etc“. Архивирано од изворникот на 2016-03-05. Посетено на 2017-01-09.
  5. von Arnim, Bettina (1837). Goethe's Correspondence with a Child (English Ed). London, UK: LONGMAN, ORME, BROWN, GREEN, AND LONGMANS.
  6. Beethoven (Maynard Solomon, 1977, 1998, 2001).
  7. 7,0 7,1 Beethoven: A Man of His Word - Undisclosed Evidence for his Immortal Beloved (Gail S. Altman, Anubian Press 1998)
  8. Virginia Beahrs, The Immortal Beloved Revisited in The Beethoven Newsletter, Vol. 1, No. 2, Summer 1986.
  9. Alan Tyson & Joseph Kerman in The New Grove Dictionary of Music and Musicians (Stanley Sadie, 2001)
  10. Beethoven (Maynard Solomon, 1977, 1998, 2001), Chapter 15, "The Immortal Beloved".
  11. Solomon, Maynard (April 1977). „Antonie Brentano and Beethoven“. Music and Letters. 58 (2): 153–169. doi:10.1093/ml/58.2.153.
  12. Robinson, Henry Crabb (1898). Diary and Reminiscences of Henry Crabb Robinson. Boston: Houghton Mifflin.

Дополнителна литература

уреди
  • Andreas Niedermayer, Frau Schöff Johanna Antonia Brentano. Ein Lebensbild, Frankfurt 1869
  • Goethes Briefwechsel mit Antonie Brentano 1814–1821, ed. Rudolf Jung, Weimar 1896
  • Gail S. Altman, Beethoven: A Man of His Word - Undisclosed Evidence for his Immortal Beloved (Anubian Press, 1998)
  • Max Unger, Auf Spuren von Beethovens „Unsterblicher Geliebten“, Langensalza 1911
  • Hermine Cloeter, Das Brentano-Haus in Wien, in: dies., Zwischen Gestern und Heute. Wanderungen durch Wien und den Wienerwald, Wien 1918, pp. 148–162
  • Peter Anton von Brentano di Tremezzo, Stammreihen der Brentano mit Abriß der Familiengeschichte, Bad Reichenhall 1933
  • Maria Andrea Goldmann, Antonia Brentano, die Frau Schöff, in: Goldmann, Im Schatten des Kaiserdomes. Frauenbilder, Limburg 1938, pp. 69–163
  • Jean and Brigitte Massin: Ludwig van Beethoven, Paris 1955
  • Maynard Solomon, New light on Beethoven's letter to an unknown woman, in: The Musical Quarterly, Vol. 58 (1972), pp. 572–587
  • Maynard Solomon, "Antonie Brentano and Beethoven", in: "Music and Letters", Vol. 58, no 2 (1977): pp. 153–169.
  • Maynard Solomon, "Beethoven", second revised edition, chapter 15 entitled "The Immortal Beloved", published 2001 by Schirmer Trade Books.
  • [[Harry Goldschmidt, Um die Unsterbliche Geliebte, Leipzig: Deutscher Verlag für Musik 1977
  • Virginia Oakley Beahrs, "The Immortal Beloved Riddle Reconsidered." in: Musical Times, Vol. 129, No. 1740 (Feb. 1988).
  • Marie-Elisabeth Tellenbach, Psychoanalysis and the Historiocritical Method: On Maynard Solomon‘s Image of Beethoven, in: The Beethoven Newsletter 8/3 (1993/1994)
  • Klaus Martin Kopitz, Antonie Brentano in Wien (1809–1812). Neue Quellen zur Problematik „Unsterbliche Geliebte“, in: Bonner Beethoven-Studien, Band 2 (2001), ISBN 3-88188-063-1, klaus-martin-kopitz.de (PDF)
  • Klaus Martin Kopitz, Antonie Brentano, in: Das Beethoven-Lexikon, edit. by Heinz von Loesch and Claus Raab, Laaber 2008.

Надворешни врски

уреди