Анта (месечина)
Анта — многу мала месечина на Сатурн лежејќи помеѓу орбитите на Мимант и Енкелад. Познат е и како Сатурн XLIX; неговата привремена ознака била S/2007 S 4. Наречена е по еден од Алкионидите; името значи цветна. Таа е шеесеттата потврдена месечина на Сатурн.[4]
Анта е елипсоидот во средината | |
Откривање | |
---|---|
Откритие на | Сликачка екипа Касини [1] |
Откриено | 30 мај 2007 |
Ознаки | |
Наречена по | Анта (Άνθη) |
Орбитални особености [2] | |
197,700 км | |
Занесување | 0.0011 |
1.05089 д | |
Просечна орбитална брзина | 13.824 км/с |
Наклон | 0.1° кон сатурновиот екватор |
Месечина на | Сатурн |
Физички особености | |
Димензии | 1.8 км[3] |
Среден полупречник | 0.9 км |
Обиколка | ≈ 5.7 км |
10.18 км2 | |
Зафатнина | 3 км³ |
Маса | 1.5×1012 кг[3] |
Средна густина | 0.5 г/см³ |
0.00012 м/с² (0.12мм/с²) | |
≈ 0.56 м/с (≈ 2км/ч) | |
претпоставено синхронски | |
Таа била откриена од сликачката екипа Касини[1] на сликите направени на 30 мај 2007 година.[2] Откако откритието било направено, пребарувањето во постарите слики на Касини, ја покажале во набљудувањата уште во јуни 2004 година. За прв пат била објавено на 18 јули 2007 година.[2]
Анта е видливо погодена од растројната среднодолжинска резонанса од 10:11 со многу поголемиот Мимант. Ова предизвикува неговите осцилирачки орбитални елементи да варираат со амплитуда од околу 20 км во голема полуоска на временска рамка од околу 2 Земјини години. Блиската близина на орбитите на Палена и Метона предложува дека овие месечини може да создадат динамично семејство.
Се претпоставува дека материјалот разнесен од Анте со микрометеороидни влијанија е изворот на Антовиот прстенест лак, слаб делумен прстен околу со-орбиталот на Сатурн со месечината за прв пат забележана во јуни 2007 година.[5][6]
Наводи
уреди- Цитати
- Извори
- „Cassini Imaging Science Team“. Cassini Imaging Central Laboratory for OPerationS. Архивирано од изворникот на 2011-05-20. Посетено на 22 октомври 2020.
- Agle, D. C. (19 јули 2007). „Saturn Turns 60“. Cassini Solstice Mission. JPL/NASA. Архивирано од изворникот на 20 февруари 2012. Посетено на 22 октомври 2020.
- Green, Daniel W. E. (18 јули 2007). „S/ 2007 S 4“. IAU Circular. 8857. Посетено на 22 октомври 2020.
- Hedman, M. M.; Murray, C. D.; Cooper, N. J.; Tiscareno, M. S.; Beurle, K.; Evans, M. W.; Burns, J. A. (25 ноември 2008). „Three tenuous rings/arcs for three tiny moons“. Icarus. 199 (2): 378–386. Bibcode:2009Icar..199..378H. doi:10.1016/j.icarus.2008.11.001. ISSN 0019-1035.
- Carolyn Porco, et al. (5 септември 2008). „More Ring Arcs for Saturn“. Cassini Imaging Central Laboratory for Operations. Архивирано од изворникот на 2008-10-10. Посетено на 22 октомври 2020.
Надворешни врски
уреди- Анта (месечина) на Ризницата ?
- Од мрачна опскуријација. Архивирано на 2 февруари 2011 г. . Архивирано на 2 февруари 2011 г. . Архивирано на 2 февруари 2011 г. Мала нова Сатурнска месечина излегува на виделина Архивирано на 2 февруари 2011 г.