Мимант (месечина)
Мимант — прва од големите месечини надвор од Сатурн и кружи околу планетата во надворешниот дел на системот од прстени. Има синхронизирана ротација, па затоа едната страна на месечината постојано е свртена кон планетата. Мимант е топчеста месечина, но не е совршена топка - должината на ова ледено тело е околу 30 километри поголема од ширината и длабочината. Неговата површина е покриена со длабоки кратери создадени при удари и имаат облик на длабок сад. Повеќето од кратерите со пречник поголем од 20 километри имаат средишни врвови.
Кратерот Хершел е огромен и е највпечатлив на месечината. Широк е околу 130 километри, длабок е речиси 10 километри и има забележлив средиштен врв. Ако телото што го создало кратерот било многу поголемо, тоа можеби ќе ја уништело месечината. Кратерот е наречен според астрономот Вилијам Хершел, кој го открил Мимант на 18 јули 1789 година. Мимант била шестата откриена месечина на Сатурн и прва од двете месечини што ги открил Хершел. Месечината Мимант го добила своето име според еден од титаните.
Користена литература
уреди- Андоновска, Ема и Шувака-Хоџиќ, Лавинија (2008). „Вселена“. Скопје: Младинска книга. ISBN 978-9989-2721-8-9.