Анри Бордо (25 јануари 187029 март 1963) — француски писател и правник. Потекнува од семејство правници од Савоја, а роден е 1870 во Тонон Ле Бен. Како млад често патувал на релација Савоја–Париз и разликите помеѓу градскиот и провинцискиот живот значително влијаеле врз неговото творештво. Во професионалниот живот го набљудувал распадот на повеќе семејства и ги анализирал причините и последиците од тоа. Кога наполнил 17 години започнал со правни студии во Париз, а по три години се вратил на пракса во Савоја. Во Париз дошол за да ја објави својата прва книга во 1894, а по смртта на татко си во 1896 се вратил во Савоја.

Анри Бордо
Анри Бордо во 1919
Роден/а25 јануари 1870
Тонон Ле Бен, Франција
Починат/а29 март 1963
Париз, Франција
Занимањеписател, правник
Националностфранцузин

Творештвото на Бордо ги прикажува вредностите на традиционалните католички заедници во провинцијална Франција. Честа тема е лојалноста кон семејството, земјата, Господ, итн. Оваа тема е забележлива во романите La Peur de vivre и Les Roquevillard. Бордо бил избран за член на француската академија на 22 мај 1919. Бил член на елитната група писатели познати како „бесмртните“ кои се залагале за воспоставување и одржување на граматичките правила во француската книжевност, како и за внесување на нови зборови во речникот. Бил еден од авторите на Le Visage de l'Italie, книга издадена 1929 за Италија според визијата на Бенито Мусолини.[1] Бордо починал 1963 во Париз.

Дела

уреди
  • Le Pays natal (1900)
  • La Peur de vivre (1902)
  • La Petite mademoiselle (1905)
  • Les Roquevillard (1906)
  • Les Yeux qui s’ouvrent (1908)
  • La Croisée des chemins (1909)
  • La Robe de laine (1910)
  • La Neige sur les pas (1911)
  • La Maison (1913)
  • La Résurrection de la chair (1920)
  • Yamilé sous les cèdres (1923)
  • La Chartreuse du Reposoir (1924)
  • Le Cœur et le sang (1925)
  • Le Bouquet Rouge (1926)
  • La Revenante (1932)

Наводи

уреди
  1. „Le Visage de l'Italie, publié sous la direction littéraire de Gabriel Faure. Préface de Benito Mussolini. - Paul Bourget, Henri de Régnier, Henry Bordeaux, Georges Goyau, Pierre de Nolhac, de l'Académie française ; Gérard d'Houville et Marcelle Vioux, Marcel Boulenger, Gabriel Faure, Paul Guiton, Ernest Lémonon, Eugène Marsan, Maurice Mignon, Ed. Schneider, J.-L. Vaudoyer“. WorldCat. Посетено на June 14, 2016.

Надворешни врски

уреди