Анестин Бејер
Ана Кирстин „Анестин“ Маргарете Бејер (4 мај 1795 – 9 август 1884), била дански реформски педагог и пионер во образованието на жените.[1]
Анестин Бејер | |
---|---|
Роден(а) | Ана Кирстин Маргарете Бејер 4 мај 1795 |
Починал(а) | 9 август 1884 | (возр. 89)
Академска работа | |
Значајни студенти | Натали Зале |
Главни интереси | Женско образование |
Раниот живот
уредиНејзини родители биле сопственик на фабрика за шеќер Ханс Петри Бејер (околу 1747 – 1806) и неговата жена Елизабет Смит Арое (околу 1763). Се школувала во Дотресколен од 1791 година. Како полнолетна се вработила како наставничка во истото училиште. Била убедена дека образованието на жените е важно и била желна да ги спроведе своите идеи за реформи во пракса. Таа наводно доминирала во училиштето и го ставила вистинскиот директор во втор план. Меѓутоа, во тоа време, можностите за жените да се едуцираат биле многу ограничени, а образовните институции отворени кон нив биле во голема мера ограничени на главниот град Копенхаген. Повеќето женски учителки во Данска на почетокот на 19 век биле вработени како гувернанти наместо во училишта.[1][2]
Кариера
уредиВо 1845 година, бил донесен нов закон во врска со формалната компетентност која се барале од професионален учител и бил инсталиран образовен орган со задача да ја контролира оваа нова регулатива. Во тоа време, повеќето приватни наставници во Данска биле жени, но немале формално образование бидејќи училиштата отворени за девојчиња биле сè уште малку во број и ниту една академска институција не била отворена за возрасни жени. Во 1846 година, таа ја основала женската семинарија Den højere Dannelsesanstalt for Damer за да ги едуцира професионалните возрасни учителки да служат во приватните училишта во Копенхаген и за да би можеле да ги исполнат барањата што им ги поставувала новата училишна образовна управа. Ова била првата академска образовна институција за жени во Данска. Една од нејзините студенти била Натали Зале (1827-1913), основачка на Школата на Н. Зале, покрај Анестин, една од двете најзначајни пионери на женското образование во Данска, како и активистките за правата на жените и феминистките, заедно со Луиз Вестергард (1826-1880).[3][4]
Во 1859 година, бил ставен во сила нов закон кој им дозволувал на женските учителки да добијат формална диплома. Сепак, немало институции кои би можеле да понудат таква диплома на жените. Во 1861 година, Анестин Бејер, Николај Фемер и Готфред Бор го овозможиле отворињето на Beyers, Bohrs og Femmers Kursus (подоцна Femmers Kvindeseminarium) за да може да ги исполни барањата неопходни за издавање диплома на женски учители.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Anna Kirstine Margrethe Beyer“. Dansk Kvindebiografisk Leksikon. Посетено на November 1, 2019.
- ↑ „Døtreskolen i København af 1791“. starbas.net. Посетено на November 1, 2019.
- ↑ „Ida Charlotte Natalie Zahle“. Dansk Kvindebiografisk Leksikon. Посетено на November 1, 2019.
- ↑ „Charlotte Louise Westergaard“. Dansk Kvindebiografisk Leksikon. Посетено на November 1, 2019.
Други извори
уреди- Хилден, Ада; Нор, Ерик (1993). Lærerindeuddannelse: lokalsamfundenes kamp om seminariedriften [Тренинг за наставници: борбата на локалната заедница за универзитети] (дански). Оденсе, Данска: Оденсе Универзитетска издавачка куќа. ISBN 8774928848.