Луиз Вестергард (27 февруари 1826 – 6 април 1880 година)[1] била дански реформски педагог и пионер во образованието на жените.

Нејзините родители биле хирургот Јенс Антон Вестергард (1791-1829) и неговата жена Јохана Вилхелмин Луиз Бентцен (1799-1856). Работејќи како гувернанта, таа дипломирала како семинарски наставник на Den højere Dannelsesanstalt for Damer на Анестин Бејер во 1851 година. Од 1858 до 1880 година, таа раководела со прогресивно училиште за девојки во Копенхаген, кое се смета за една од најистакнатите образовни институции за жени во Данска заедно со училиштето на нејзината современичка Натали Зале.

Била активна и како писателка и преведувачка. Во 1853 година, својата теза ја испечатила и објавила. Тезата била наградена од Универзитетот во Копенхаген; ова веројатно бил првиот пат да биде наградена жена во Данска на ваков начин, иако ова не било напишано како дел од формално универзитетско истражување, што во тоа време сè уште не било дозволено.

Наводи

уреди
  1. „Louise Westergaard“. Dansk Kvindebiografisk Leksikon. Посетено на 1 October 2020.