Андреј Фурсенко (руски: Андрей Александрович Фурсенко, роден на 17 јули 1949 во Ленинград) — руски политичар и стопанственик,м моментален министер за образование и наука.

Андреј Фурсенко
Министер за образование и наука
На должноста
Стапил
9 март 2004
Премиер Владимир Путин
Лични податоци
Роден(а) 17 јули 1949(1949-07-17)(75 г.)
Санкт Петербург, СССР
Партија Единствена Русија

Неговиот татко Александар Фурсенко (1927-2008) — познат историчар, член на Руската академија на науките. Неговиот брат Сергеј Фурсенко (роден 1954) — техничар, стопанственик, телевизиски продуцент и претседател на фудбалскиот клуб Зенит од Санкт Петербург.

Андреј дипломирал од во 1971 година на Ленинградскиот универзитет. Во Универзитетот станал член на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз. Во периодот од 1971 до 1991 работел во Ленинградскиот институт по физика како млад истртажувач, а подоцна станал постојанен истражувач, ѓеф на одделот за компјутри и заменик директор. Од 1992 година до ноември 2001 година бил генерален директор на Регионалната фондација за научниот и технолошкиот развој Санкт Петербург. Оваа фондација била основана од страна на Руската банка, АД "фонд за регионален развој.

Во 1993 година Андреј се запознал со Владимир Путин кој работел во Канцеларијата на градоначалникот на Санкт Петербург како шеф на Комитетот за надворешни односи и регистрирал некои од неговите компании.

Во периодот од ноември 2001 до ноември 2003 бил заменик-министер за индустрија, наука и технологија на Руската Федерација, до март 2004 бил министер во истиот сектор. Во 2004 бил назначен за министер за образование.