Андреја Тру

американска порноглумица и пејачка (1943–2011)

Андреја Мари Труден (англ. Andrea Marie Truden; словенечки: Андреја Марија Труден; 26 јули 1943 ― 7 ноември 2011),[3] позната по нејзиниот псевдоним Андреа Тру ― американска порноглумица и пејачка од диско-ерата.[4] Покрај нејзиното име, таа имала повеќе уметнички имиња, вклучувајќи ги: Ингер Кисин, Синг Лоу, Сандра Липс, Андреа Тревис и Кетрин Ворен. Како пејачка, најпозната била по поп-диско-хитот од 1976 година „More, More, More“ (изведен како дел од нејзиниот музички проект Andrea True Connection), кој се искачил на 4-то место на американската Billboard Hot 100 топ-листа и на петто место на топ-листата за синглови во Обединетото Кралство.[5][6]

Андреја Тру
Родено имеАндреја Мари Труден[1] (алтернативно: Андреја Марија Труден)[2]
Роден(а)26 јули 1943(1943-07-26)
Нешвил, Тенеси, САД
Починал(а)7 ноември 2011(2011-11-07) (возр. 68)
Кингстон, Њујорк, САД
ЖанровиДиско, поп, рок
ЗанимањаПорноглумица, пејачка, продуцент
Период на активност1972–1995
ИздавачиBuddah Records

Живот и кариера

уреди

Андреа Мари Труден била родена на 26 јули 1943 година во Нешвил, Тенеси.[3] Студирала музика на колеџот „Џорџ Пибоди“ при Универзитетот Вандербилт.[7] Нејзините родители биле имигранти од Словенија.[8]

Во 1960-тите, Тру имала улога во неколку порно-филмови во Скандинавија, а кон крајот на деценијата почнала да се појавува во американски филмови за возрасни. Нејзина прва забележителна улога ја имала во филмот Главна медицинска сестра од 1972 година.[8] Таа, исто така, се појавила како статист во филмови за невозрасни: The Way We Were и 40 Carats.[9] Во 1975 година, го режирала нејзиниот прв порнофилм, Еднаш во текот на ноќта.[8] Во текот на 1970-тите и до средината на 1980-тите, настапила во повеќе од педесет хардкор-порно-филмови за време на раната њујоршка филмска индустрија за возрасни.[10]

За време на нејзиниот врв како порноглумица, околу 1975 година, Тру била ангажирана да се појавува во реклами на компанија која се занимавала со недвижности во Јамајка. Додека работела таму, владата на Јамајка го забранила трансферот на имот како одговор на санкциите наметнати од САД по изборот на Мајкл Менли, поддржувач на Фидел Кастро. За да се врати во САД, Тру морала или да не земе плата или да ги потроши парите пред да се врати.[10] Тру, која во тоа време се обидувала да се пробие на музичката сцена, одлучила парите да ги вложи во снимање на демо-снимката „More, More, More“, песна на која работела со продуцентот Грег Дајмонд, нејзин партнер во проектот The Andrea True Connection. Ремиксирана од инженерот за снимање Том Мултон, „More, More, More“ станала хит во ноќните клубови. Стигнала до 4-то место на американската Billboard Hot 100, прво место на американската диско-топ-листа[11] и прво место на топ-листата за синглови во Канада. Стигнала до петто место во Обединетото Кралство [6] и деветто место во Германија.[4] Потоа објавила албум со исто име, кој имал умерен успех во Северна Америка.

Во нејзините подоцнежни години, таа работела како советник за луѓе кои се борат со злоупотреба на супстанци и како астролог.[8] „More, More, More“ и понатаму останала популарна песна која се користела во телевиски серии и во филмови, а Тру добивала извонредни тантиеми од користењето и продажбата на песната.[8] Последните години животот живеела во Вудсток, Њујорк.[12]

ру починала на 7 ноември 2011 година, во Кингстон, Њујорк на 68 годишна возраст. Како причина била наведена срцева слабост. Во согласност со нејзините желби, телото на Тру било кремирано.[3][13]

Наводи

уреди
  1. Pierre Perrone (November 26, 2011). „Obituary: Andrea True“. The Independent.
  2. Marcel Štefančič jr. (November 18, 2011). „Amerika: Dekle, ki sem jo ljubil“. Mladina (словенечки).
  3. 3,0 3,1 3,2 „Disco singer Andrea True, 68, dies in Kingston“. Daily Freeman. Архивирано од изворникот на April 6, 2012. Посетено на November 20, 2011 – преку Dailyfreeman.com.
  4. 4,0 4,1 Jason Ankeny. „Biography: Andrea True“. AllMusic. Посетено на July 1, 2007.
  5. Bronson, Fred (August 2, 2018). The Billboard Book of Number One Hits. Billboard Books. ISBN 9780823076772 – преку Google Books.
  6. 6,0 6,1 Roberts, David (2006). British Hit Singles & Albums (19th. изд.). London, UK: Guinness World Records Limited. стр. 568. ISBN 1-904994-10-5.
  7. Arena, James (2013). First Ladies of Disco: 32 Stars Discuss the Era and Their Singing Careers. Jefferson, North Carolina, and London: McFarland. стр. 41–56. ISBN 978-0-7864-7581-0.
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 "More, More, More": The Search for Andrea True, and the Creation of a Disco Sensation (Podcast 69)“. The Rialto Report. 2017-05-21. Посетено на 19 July 2020.
  9. „Andrea True“. listal.com. Посетено на 2022-10-16.
  10. 10,0 10,1 Vitello, Paul (November 24, 2011). „Andrea True, Singer of Disco Hit, Dies at 68“. New York Times. Посетено на August 3, 2016.
  11. „Andrea True - Awards : Billboard Singles“. AllMusic. Архивирано од изворникот на 2013-04-08. Посетено на 2013-05-19.
  12. „Andrea True: Her Last Interview (Podcast 70)“. The Rialto Report. 2017-06-11. Посетено на 19 July 2020.
  13. „Andrea True, who sang More More More, dies aged 68“. BBC News. November 27, 2011. Посетено на May 30, 2016.

Надворешни врски

уреди