Андрејаш
Андрејаш бил втор син на кралот Волкашин, брат на кралот Марко и млад крал. По смртта на татка си во 1371 година, кога брат му Марко ја презел кралската титула, Андрејаш станал млад крал.[1][2]
Ја управувал областа југозападно од Скопје, по долината на реката Треска, во Порече и Кичевско. Водел одвоени финансии од неговиот брат Марко, ковал сопствени монети и издавал повелби. Во 1388/1389 година го подигнал манастирот „Свети Андреја“ на реката Треска, во близина на Скопје и го дарувал со богати имоти. Пред турската опасност, летото 1394 година, заедно со неговиот брат Димитар, ја напуштил Македонија и преку Дубровник, заминал во Унгарија во служба на унгарскиот крал Сигизмунд во 1393/4 година.[2] Починал пред 1399 година.[1]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 31. ISBN 9989-624-46-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ 2,0 2,1 Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 63. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
Литература
уреди- Георгије Острогорски, Серска област после Ду[анове смрти, во книгата: Византија и Словени, Београд, 1970, 435-456;
- Лазар Мирковиќ, Мрњавчевиќи, Старинар III (1924 - 1925), Београд, 1925, 11-26;
- Сима Ќирковиќ, Поклад Краља Вукашина, Зборник Филозофског факултета, XIV-1. Споменица Фрања Баришиќа, Београд, 1979, 153-161.