Андон Николов Милковски ( 1925 во Стајовце, Кумановско1944 во Глумово, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Произлегува од изразито бедно семејство. По завршувањето на основното училиште, заедно со своето семејство се доселил во Кумановско и се занимавал со земјоделство. Уште како младинец бил симпатизер на НОВ. Во август 1944 година со група другари од селото, стапил во Третата македонска ударна бригада. Во составот на бригадата учествувал во борбите против непријателот кај Табановце, Ристовац, рудникот Лојане, на теренот на велешките села и во мноrу други борби. Бил примерен борец и често се јавувал како доброволец за извршување на разни борбени задачи. Неговата последна борба била против балистичките банди кај селото Глумово во октомври 1944 година, во оваа битка го изгубил својот живот.

Наводи

уреди
  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 214–215. На |first= му недостасува |last= (help)