Михаил Сматракалев

(Пренасочено од Ангел Жаров)

Михаил Сматракалев (Ангел Жаров) — македонски национален деец, поет, раскажувач и публицист.

Стихотворбата „Ѕвезда“ (На Јане Сандански), со белешки од Никола Вапцаров

Роден е на 15 декември 1910 година во Сер, Егејска Македонија, но уште како дете бил принуден да емигрира во Бугарија, каде го помина животот. Дипломирал на Правниот факултет во Софија и долги години работел како адвокат, а бил и судија. Неговата адвокатска канцеларија во Софија брзо станала собиралиште на други македонски емигранти.

Во 1931 година станува член на ВМРО (Обединета). Во 1932 година станува член на ЦК на ВМРО (Об.), а во 1934 година е избран за секретар за агитација и пропаганда.

Во 1935 година ја издава својата стихозбирка „Чудна е Македонија“, а во 1938 година заедно со уште неколкумина Македонци го формира Македонскиот литературен кружок.[1]

Сматракалев бил особено близок со Никола Вапцаров и неговото семејство. Кога овој ја објавил својата стихозбирка „Моторни песни“, Сматракалев бил единствениот што објавил критички осврт на новоиздаденото дело.

Михаил Сматракалев во 1993 година добил македонско државјанство, врачено директно од рацете на тогашниот македонски претседател Киро Глигоров. Бил прогласен и за почесен член на Друштвото на писателите на Македонија.

Починал на 16 април 1998 во Софија.

„Неоспорен факт е дека ние твориме веќе македонска книжевност... дека ние сигурно ќе изградиме македонска, наша, своја литература

—Ангел Жаров[2]

Мисли уреди

На забелешките на неговите противници дека многумина револуционери велеле дека се Бугари, Сматракалев ќе одговорил: Претставете си една картонска кутија на која пишува ’Бугарин‘, а што има во кутијата не ве интересира. Ние, за разлика од вас, го фрламе картонот и се интересираме за суштината што е во него. Не гледаме што пишува на капакот од сандакот, туку го отвораме и внимаваме што има внатре. [3]

Творештво уреди

  • „Бура над родината“ (стихозбирка, Софија, 1936)
  • „Македонскиот литературен кружок“ (студија, Скопје, 1993)
  • „Модрите широчини на татковината“ (поезија, раскази, критички огледи и записи, Скопје, 1994)
  • „На македонски теми“ (студии, Скопје, 1999).

Наводи уреди

  1. Македонскиот литературен кружок Софија 1938-1941 Документи, Архив на Македонија, Скопје 1995.
  2. Георги Сталев „Литература на македонскиот јазик“, Просветно Дело, Скопје, 1995, 157 стр.
  3. „Михаил Сматракалев премолчуван и заборавен“. Архивирано од изворникот на 2012-10-29. Посетено на 2013-08-16.