Ангел Базернишки
Ангел Базернишки или Ангел Секулов Јанкулов — македонски револуционер, војвода и член на Македонската револуционерна организација.[1]
Ангел Базернишки | ||
Роден | 15 мај 1876 Базерник |
---|
Животопис
уредиАнгел Базернишки е роден во Базерник, Демир Хисар, Битолско. Во 1903 година влегол во четата на Ѓорче Петров. Учествувал во борбите на Илинденското востание во Битолско.
По востанието, останал во Македонија, и се прикривал во родното село. Во 1904 година, влегол во четата на Алексо Стефанов, а во 1907 година бил назначен за војвода на чета. Во 1909 година бил уапсен од турската власт, осуден на пет години затворска казна. Казната ја издржувал во битолскиот затвор.
Наводи
уреди- ↑ Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 7