Ангеле Настев Бунгуров

Ангеле Настев Бунгуровмакедонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител на Македонската револуционерна организација и учесник во Илинденското востание.

Ангеле Настев Бунгуров
Роден 1874
Кичево,Македонија
Починал 1 април 1949
Скопје, Македонија

Животопис

уреди

Роден е во Кичево, тогаш во Османлиското Царство во 1874 година, од татко Насте Бунгуров и мајка Сава Бунгурова, моминско Стефанова. Во своето родно место завршил прв клас прогимназија, а потоа образованието го продолжил во Битола каде завршил шести клас. По настојувањето од татко му го прекинува школувањето и работи како учител по кичевските села: Брждани, Белица, Кладник, и Орланци, а потоа и во самиот град Кичево.

Неговото учителствување се поклопува со времето на организирање и формирање на комитетот на Македонската револуционерна организација во Кичево при што тој зел активно учество. Организационите работи на Македонската револуционерна организација во тој период биле во својот разгор. Народот се подготвувал за големото дело - за оруженото востание против тиранијата на султанската власт.

Во 1902 година Ангеле Бунгуров е избран од Кичевскиот комитет да раководи со истиот во организацијата и подготовката на кичевскиот револуционерен реон [1]. Се работело на зацврснување на вербата кај народот во праведното дело на борбата како и подготовките на материјалната опрема потребна за оруженото востание. Ангеле Бунгуров за време на Илинденското востание бил комита во четата на Арсо Војвода и учествувал во големата битка за Ѓурѓеица [2].

Покрај својот авторитет како просветен работник, чијашто активност и работа многу придонела за будењето на народните маси, тој таа своја мисија ја вршел и со неговата дарба на одличен пејач. Тој со неговиот буен глас во придружба на неговата сопруга Зора Стефанова Бунгурова, со песни го крепел народниот дух и им влевал надеж, на приеми, на свечени дни, на собори. Песните на Ангеле и Зора ги разнесувале општите народни тежнеења за слобода, правда и посветли дни. Ангеле Бунгуров заради својата активност во 1907 година е осуден на затворска казна во битолскиот затвор од која е ослободен по една година во 1908 со доаѓањето на власт на младотурското движење.

Ангеле Бунгуров ја преживеал Илинденската епопеја и дочекал да го види остварено делото за кое се бореше - Слободна Македонија, носител е на споменица од Илинден, а со тоа добива и признание за неговата револуционерна дејност. Умира во Скопје во 1949 година.

Галерија

уреди

Извори

уреди
  1. Борба со арнаутските угнетувачи на народот. Првите две чети во Кичевско. Џеров и др. во затвор. Од Смилевскиот конгрес Џеров назначен за реонски началник во Кичево. Вооружување за востание
  2. Спомените на Лука Џеров, Втор дел

Поврзано

уреди