Ангеле Гашов
Ангеле Гашов ( 1916 во Скопје — 1944 во Скопска Црна Гора) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиПроизлегува од сиромашно семејство. Завршил основно училиште. Се вработил како општ работник. Есента 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада, која била формирана во селото Кучевиште. Учествувал во сите битки на Бригадата што ги водел против балистичките банди на терените на Скопска Црна Гора и против моторизираните германски единици во Качаничката Клисура. Во октомври 1944 година, во една битка против балистите и Германците, храбро загинал на Скопска Црна Гора.