Ана Болеславовна Мисуна (12 ноември 1868 – 1922) родена во Русија, била полски геолог, минералог и палеонтолог.[1]

Ана Мисуна
Роден(а)12 ноември 1868(1868-11-12)
Витепска област
Починал(а)2 мај 1922(1922-05-02) (возр. 53)
ПолињаГеологија

Ран живот

уреди

Мисуна е родена во областа Витебск (во минатото областа била дел од Руската империја, сега e област во Белорусија). Нејзините родители потекнуваат од Полска. Се школувала во Рига, каде научила да зборува германски. Од 1893 до 1896 година во Москва добила стипендија за високо образование. Таа продолжила да студира минералогија кај Владимир Вернадски[2] и кристалографија кајј Евграф Федоров.[1]

Кариера

уреди

Во 1898 година објавена е нејзината прва студија за геологија, заедно со Л.В. Јаковлева. Студијата за кристалните форми на амониум сулфат, била објавена во списанието на Московското натуралистичко друштво. Таа често работела со В.Д. Соколов на проучување на квартерните депозити. Напишала научни студии за конечни морени во Полска, Литванија и Русија,[3] за глацијалните одлики во Белорусија и Латвија и коралите од периодот Јура на Крим.[4] Објавувала статии и монографии и на руски и на германски јазик.[1]

Од 1907 до 1922 година, Мисуна беше професорка по хемија во Москва, како и асистент на В.Д. Соколов.[5] Предавала и петрографија, палеонтологија, историска геологија и историска географија.[1]

Мисуна почина во 1922 година, на 53 години.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Ogilvie, Marilyn Bailey; Harvey, Joy Dorothy (2000). The Biographical Dictionary of Women in Science: L-Z. Taylor & Fracis. стр. 899–900. ISBN 9780415920407.
  2. Boris Ye. Borudsky, "Geochemical Mineralogy by Vladimir Ivanovitc Vernadsky and the Present Times" New Data on Minerals 48(2013): 102.
  3. Wright, William Bourke (1914). „The Quaternary Ice Age“. Macmillan and Company. стр. 116–117.
  4. Lockyer, Sir Norman (1905). „Nature“.
  5. Valkova, Olga (2008). „The Conquest of Science: Women and Science in Russia, 1860-1940“. Osiris. 23. page 154 of 136–165. doi:10.1086/591872. JSTOR 40207006. PMID 18831320.