Ана Коњух

хрватска тенисерка

Ана Коњух (хрватски: Ana Konjuh), (27 декември 1997, Дубровник) – професионална тенисерка од Хрватска. Моментално се наоѓа на 92 место на ВТА листата (септември 2016).

Ана Коњух
Ana Konjuh
Земја Хрватска
Место на живеењеДубаи, Обединети Арапски Емирати
Роден на27 декември 1997(1997-12-27)(26 г.)
Роден воДубровник, Хрватска
Спорт Тенис
Висина&100000000000001740000001,74 м
Професионалец2014
Игра сосо десна рака (дворак бекхенд)
Заработка$797.404
Поединечно
Победи-порази107-65
Титули0
Највисок пласман55 (15 јуни 2015)
Сегашен пласман92 (29 август 2016)
Во двојки
Победи-порази9–8
Титули0
Највисок пласман321 (14 септември 2015)
Сегашен пласман372 (8 февруари 2016)
Ажурирано на: 8 февруари 2016.

Кариера

уреди

јуниорска кариера

уреди

Коњух почнала да тренира тенис на шест години.[1] Во 2012 година настапила во игра на парови во јуниорското финале на турнирот на парови на Вимблдон, а партнерка ѝѝ била Швајцарката Белинда Бенчич. Во финалето изгубиле од првите носителки, Канаѓанката Ежени Бушар и Американката Тејлор Таусенд.

Истата година на 2 декември, Ана го освоила јуниорскиот турнир Еди Хер,[2] а потоа на Отвореното првенство на Мајами настапил на Оранж боул и на 8 декември го освоила истиот. Со јуниорските гренд слем турнири, овој е најпрестижен јуниорски тениски турнир.[3]

2013 година Ана ја отворила со освојување на дупла круна на јуниорскиот гренд слем турнир на Отвореното првенство на Австралија. Прво на 25 јануари во конкуренција на парови со партнерката Карол Хао од Канада го победиле парот Олександра Корашвили од Украина и Барбора Крејцикова од Чешка,[4] а потоа во финалето во поединечна конкуренција на 26 јануари ја победила Катерина Синијакова, со што станала прва светска јуниорка.[5]

Во февруари 2013 година дебитирала во Фед купот за екипата на Хрватска и забележала три победи во поединечна конкуренција (од кои една против Уршула Радванска, како и една победа во парови (со Дарија Јурак). Првиот турнир на ИТФ Коњух го освоила во јуни 2013 година во Монпелје, совладувајќи ја Русинката Ирина Кромачева.[6]

Во септември 2013 година го освоила својот втор јуниорски гренд слем турнир во поединечна конкуренција на Отвореното првенство на САД. Во финалето славела против Американката Торнадо Алисија Блек со 3:6, 6:4 и 7:6.[7]

Сениорска кариера

уреди

На АСБ класик во Оукленд, на својот прв професионален ВТА турнир, за кој добила покана, последниот ден на 2013 година ја победила првата носителка на турнирот и 14 тенисерка на светот Роберта Винчи. На Вимблдон го остварила резултатот на кариерата победувајќи ги Новозеланѓанката со српско потекло (родена во Хрватска) Марина Ераковиќ и Белгијанката Јанина Викмајер, а изгубила од 16 носителка, Данката Каролина Вознијацки.

Коњух годината ја почнала на турнирот во Оукленд, каде ја победила Мона Бартел, а изгубила од Елена Веснина во второто коло. На Отвореното првенство на Австралија изгубила од Магдалена Рибарикова. После низа од рани испаѓања во Прага ја победила Белинда Бенчич, светскиот рекет број 34, а потоа изгубила од Клара Кукалова.

Резултат на кариерата на гренд слемовите остварила на Отвореното првенство на САД кога влегла во своето прво четвртфинале.[8]

Приватен живот

уреди

Ана своите победи ѝ ги посветува на својата сестра Антонија.[9]

Наводи

уреди
  1. Konjuh plays like she belongs, advances, The Miami Herald, 5 декември 2012.
  2. Dubrovački vjesnik - Ana Konjuh osvojila Eddie Herr
  3. „Jutarnji list - Ana Konjuh osvojila Orange Bowl“. Архивирано од изворникот на 2013-02-11. Посетено на 2016-09-08.
  4. Večernji list - Ana Konjuh pobjednica turnira parova
  5. Večernji list - Senzacija: Ana Konjuh osvojila Australian Open i pojedinačno!
  6. Montpellier: Ana Konjuh osvojila prvi seniorski naslov[мртва врска], tinolovka-news.com
  7. „Borna Ćorić i Ana Konjuh osvojili US Open“. Glas Istre (хрватски). 11 септември 2013. (HINA)
  8. „Коњух ја елиминира Радванска во осминафиналето на УС Опен“. Репортер. 6 септември 2016. Не се допушта закосување или задебелување во: |publisher= (help)[мртва врска]
  9. Ana Konjuh: Pobjede za bolesnu sestru Архивирано на 5 февруари 2013 г., Gloria.com.hr