Ежени Бушар
Ежени Бушар, родена на 25 февруари 1994 година во Монтреал - канадска тенисерка, професионалка од 2009 година, која на почетокот на 2016 година е рангирана на 37 место на списокот на ЖТА.[1]
Земја | Канада | |
Место на живеење | Мајами Бич, Флорида, САД | |
Дата на раѓање | 25 февруари 1994 | |
Место на раѓање | Монтреал, Квебек Канада | |
Висина | 1,78m | |
Тежина | 61 кг | |
Професионалец | 2009 | |
Игра со | • десна рака • дворак бекхенд | |
Заработка | 4.639.482 $ | |
Синглови | ||
Резултат: | 297–226 | |
Титули во кариера: | ||
Највисок дострел: | 37 (18 јануари 2016) | |
Резултати на Гренд Слемови | ||
Австралијан Опен | ПФ (2014) | |
Ролан Гарос | ПФ (2014) | |
Вимблдон | Ф (2014) | |
УС Опен | 4Р (2014, 2015) | |
Двојки | ||
Резултат: | 64–73 | |
Титули во кариера: | ||
Највисок дострел: | 375 (18 јануари 2016) | |
Инфокутијата е последен пат надоградена на: |
На крајот на 2013 година, ЖТА (Женската тениска асоцијација, англ. WTA) и ја доделува наградата „Откритие на годината“. Станува позната во широката јавност во 2014 година, година во која таа ја освојува својата прва титула во Нирнберг и успева да се пласира во полуфиналињата на Отвореното првенство на Австралија и Ролан Гарос, и финалето на Вимблдон.
Ежени за првпат се квалификува на Мастерс купот и ЖТА ја избира за „Играчка со најголем напредок“ во сезоната 2014.
Таа е првата Канаѓанка која се пласирала во финале на гренд слем турнир и на петто место во рангирањето на ЖТА.
Кариера
уредиЕжени Бушар е ќерка на Мишел Бушар и Жили Леклер.
Ежени Бушар победува на турнирите во двојки за јуниори во Вимблдон на 3 јули 2011 и 8 јули 2012 како и во поединечна јуниорки на 7 јули 2012. Во октомври 2013 година, таа го објавува крајот на нејзината соработка со Французинката Натали Тозија која ја тренирала од 2011. Потоа, од 2011 до 2014 година, ја тренирал Ник Савијано, поранешен играч од АТП кој води тениска академија на Флорида.
Квебеќанката стигнува до своето прво ЖТА финале на 7 октомври 2013 година во Осака, Јапонија. Го губи мечот со Австралијанката Саманта Стозер во 3 сета со резултат 6-3, 5-7, 2-6.
На крајот на 2013 година, Ежени ја добива наградата „Откритие на годината“ од ЖТА.
Монтреалката ја почнува 2014 со полуфинале на Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн каде е елиминирана од Кинезинката Ли На, која и го освојува турнирот. На 24 мај 2014 година, Ежени Бушар го освојува својот прв турнир во кариерата победувајќи ја Чехинката Каролина Плишкова со резултат 6-2, 4-6, 6-3 на турнирот во Нирнберг, Германија. На Ролан Гарос стигнува до полуфиналето каде се соочува со Марија Шарапова, идната победничка на турнирот.
На Вимблдон, Ежени е финалистка каде се сретнува со Петра Квитова.[2]
На крајот на 2014 година, Канаѓанката се пласира на 7 место на светската ранг листа со една титула ЖТА како и со финале на Гран Челем и прво учество на Мастерс турнирот. ЖТА ја избра за „Играчка со најголем напредок“.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Women's Tennis Rankings“. World Tennis Association. Посетено на August 20, 2015.
- ↑ „Eugenie Bouchard reaches Wimbledon final“. CBC Sports. Посетено на July 3, 2014.
- ↑ „Eugenie Bouchard named most improved in women's tennis“. CBC Sports. Посетено на November 19, 2014.