Американскиот пријател (филм)

Американскиот пријател (германски: Der amerikanische Freund) - германски филм од 1977 година, во режија на Вим Вендерс. Главните улоги ги играат: Денис Хопер, Бруно Ганц, Лиза Кројцер и Жерар Блен. Филмот освоил шест награди и имал три други номинации.[1]

Синопсис

уреди

Том Рипли (го игра Хопер) е Американец кој доаѓа во Хамбург каде продава фалсификувани слики. Тој се запознава со Јонатан Цимерман (го игра Ганц), урамувач на слики, кој е болен од леукемија. Соработникот на Том, Раул Мино (го игра Блен) му предлага на Јонатан да изврши убиство, нудејќи му многу пари. Лекарот на Јонатан му кажува дека неговата здравствена состојба е добра, но Раул му организира преглед во американската болница во Париз каде му кажуваат дека нема да живее уште долго време. За да го обезбеди своето семејство, Јонатан убива еден човек во Париз, но наскоро добива уште една понуда за убиство на друг човек кое треба да го изврши во воз за Минхен. Меѓутоа, жртвата го открива и започнува борба меѓу нив, а тогаш се појавува Том кој го убива човекот. Потоа, Том и Јонатан го убиваат и телохранителот на жртвата и двете тела ги фрлаат од возот. По враќањето во Хамбург, мафијата се обидува да ги убие Раул и Том, но Том и Јонатан успеваат да се спасат. Тогаш, на Јонатан му се придружува и сопругата (ја игра Кројцер). Тројцата одат на една плажа при што Том го уништува возилото во кое се наоѓаат телата на нивните прогонители. Јонатан и сопругата бегаат со нивниот автомобил, но тој ја губи контролата на возилото и излетува од патот.[2]

Наводи

уреди