Американизација (поамериканчување) — поим со кој се означува влијанието на американската култура врз останатите култури во светот. Тоа влијание најчесто се пројавува преку популарната култура, храната, технологијата, деловните и политичките навики. Почнал да се употребува уште од 1907 година.[1] Терминот може да се протолкува и со поинакво значење, имено како процес преку кој се наметнуваат американските вредности и обичаи на новите доселеници (нивна културна асимилација).

Питачка пред американска реклама за Пепси во Индија

Можеби најнепосредно американската култура се подава преку холивудските филмови. Тие се средство преку кое целиот свет непосредно се запознава со нивниот начин на живот, културни навики и др. Не помалку влијателни се и американските телевизиски програми кои се емитуваат на глобално ниво.

Поп-музиката е уште еден начин за промоција на оваа западна култура. Поп-иконите како Елвис Присли и Мајкл Џексон имаат продадено повеќе милионски тиражи ширум светот. Брзата храна е едно од поважните обележја на овој феномен, особено големите синџири како Мекдоналдс, Бургер Кинг и Старбакс кои имаат свои ресторани во сите поголеми земји ширум светот.[2] Значаен чинител се и големите сметачки претпријатија со седиште во САД, како Мајкрософт, Епл и ИБМ, кои се водечки приватни дејци во полето на програмската технологија и историски, ширењето на семрежјето.[3]

Наводи

уреди
  1. Samuel E. Moffett, The Americanization of Canada (1907) целосен текст на англиски; see also Ralph Willett, The Americanization of Germany, 1945-1949 (1989)
  2. Karen DeBres, "A Cultural Geography of McDonald's UK," Journal of Cultural Geography, 2005
  3. Elias G. Carayannis and David F. J. Campbell, Mode 3 Knowledge Production in Quadruple Helix Innovation Systems (2011) p. 42

Поврзано

уреди