Амгун

река во Русија
(Пренасочено од Амгун (река))

Амгун (руски: Амгу́нь) — рамничарска река која тече низ Хабаровскиот крај на Русија.

Амгун
Амгунь
Река
Амгун низ тајга во Хабаровскиот крај
Земја Русија
Извор
 - место слевање на реките Ајакит и Судук, Хабаровски крај
Утока
 - местоположба Амур
Должина 723 км
Слив 55.500 км2
Истек во устието
 - просечен 600 м3

Таа е лева притока на реката Амур. Настанува со спојување на реката Сулут (Сулук) и реката Ајкит (Аякит) на падините на Бурејските Планини.

Амгун е дола 723 км, а површината на неговиот басен изнесува 55.000 км2. Во сливот на реката се наоѓаат околу 2.500 езера со вкупна површина од околу 647 км2.

Најважна притока на Амгун е реката Нимелен.

Амгун е пловна на должина од 330 км од устието во Амур и се бројува меѓу внатрешните водни патишта на Русија.[1][2] Реката е доста богата со риба, особено есетра и лососи како горбушата, кетата и други.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Распоряжение Правительства РФ от 19.12.2002 № 1800-р (ред. от 27.02.2010)“. Архивирано од изворникот на 2013-10-04. Посетено на 2013-05-05.
  2. „Государственный водный реестр: Амгунь“. Архивирано од изворникот на 2014-07-19. Посетено на 2013-05-05.

Надворешни врски

уреди