Амброж под Крвавец
Амброж под Крвавец (словенечки: Ambrož pod Krvavcem; германски: Sankt Ambrosi[2]) ― село на висока надморска височина во Општина Церкље на Горењска во регионот Горењска во Словенија.
Амброж под Крвавец Ambrož pod Krvavcem Свети Амброж (до 1955) | |
---|---|
Село | |
Држава | Словенија |
Традиционален регион | Горењска |
Статистички регион | Горењска |
Општина | Церкље на Горењска |
Надм. вис. | 1.078,8 м |
Население (2020) | |
• Вкупно | 134 |
[1] |
Географија
уредиАмброж под Крвавец е село од разбиен вид на јужната падина на планината Крвавец (1853 м). Црквата се наоѓа на највисоката точка во самото село, на 1085 м, и атарот на селото се протега до север, достигнувајќи ја неговата највисока надморска висина кај Велики Звох (1971 м) над пасиштата Језерца и Криж. Фармите се наоѓаат на тераси на пониски височини, кои се протегаат на запад до Стишка Вас и на исток до селцето Свети Ленарт.[3]
Име
уредиАмброж под Крвавец во историските извори е споменат како С. Амброзен перг (германски: S. Ambrosen perg) во 1496 година и Св. Амбрози (St. Ambrosi) во 1499 година.[4] Името на населбата било променето од Свети Амброж (буквално Свети Амвросиј) во Амброж под Крвавец (словенечки: Ambrož pod Krvavcem, буквално „Амбросиј под (планината) Крвавец“) во 1955 година. Името било променето врз основа на Законот за имиња на населени места и ознаки на плоштади, улици и згради од 1948 година, како дел од напорите на повоената комунистичка влада на Словенија да ги отстрани верските елементи од топонимите.[5][6][7] Во минатото германското име било Санкт Амбрози.[2]
Црква
уредиМесната црква е посветена на Свети Амвросиј, како и името на селото.[8] Се вели дека црквата била оштетена во 1471 година за време на османлиски напад, исто кога и долината на Церкље бил запалена од османлиските сили. Според усната традиција, отомански потковици подоцна биле често пронаоѓани во областа.[3]
Наводи
уреди- ↑ „Statistical Office of the Republic of Slovenia“. Архивирано од изворникот на 2008-11-18. Посетено на 2022-10-15.
- ↑ 2,0 2,1 Leksikon občin kraljestev in dežel zastopanih v državnem zboru, vol. 6: Kranjsko. Виена: C. Kr. Dvorna in Državna Tiskarna. 1906. стр. 52.
- ↑ 3,0 3,1 Savnik, Roman (1968). Krajevni leksikon Slovenije, vol. 1. Љубљана: Državna založba Slovenije. стр. 155.
- ↑ „Ambrož pod Krvavcem“. Slovenska historična topografija. ZRC SAZU Zgodovinski inštitut Milka Kosa. Посетено на 15 октомври 2022.
- ↑ Spremembe naselij 1948–95. 1996. Database. Ljubljana: Geografski inštitut ZRC SAZU, DZS.
- ↑ Premk, F. 2004. Slovenska versko-krščanska terminologija v zemljepisnih imenih in spremembe za čas 1921–1967/68. Besedoslovne lastnosti slovenskega jezika: slovenska zemljepisna imena. Ljubljana: Slavistično društvo Slovenije, pp. 113–132.
- ↑ Urbanc, Mimi, & Matej Gabrovec. 2005. Krajevna imena: poligon za dokazovanje moči in odraz lokalne identitete. Geografski vestnik 77(2): 25–43.
- ↑ „Cerklje municipal website“. Архивирано од изворникот на 11 мај 2009. Посетено на 15 октомври 2022.
Надворешни врски
уреди- Амброж под Крвавец на Ризницата ?
- Амброж под Крвавец на Geopedia